ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Македонска медиумска чорба од немиен кромид

April 1, 2023 18:36
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прекрасно богата и слатка, со точно одмерена количина киселост, чорбата од кромид и пркоси на скромната репутација на нејзината главна состојка… Кромидот. Тешко е да се замисли состојка што е полесно достапна, разновидна и поевтина. Скромен по изглед, и покрај неговите карактеристични вкусови, кромидот често не добива шанса да го привлече вниманието. Но, таков не е случајот и во македонската медиумска кујна.

Варијации на чорбата од кромид постоеле во Европа уште од античкиот римски и грчки период. Во гастрономијата денес најпознати се 2 вида на чорба од кромид, француската и унгарската. Помеѓу гастрономите постои полемика за тоа која од овие две е повкусна, иако разликите се во мали детаљи. Но, сега овие две кралици на чорбите добиваат огромна конкуренција во Македонската медиумска чорба од немиен кромид.

Главна карактеристика, а воедно и најочигледна разлика помеѓу оваа чорба и предходните две е што нашите медиумски готвачи користат исклучиво немиен кромид.

Творецот на рецептот и нарачателот на овој македонски медиумски специјалитет е (навидум) непознат. Главниот готвач се менува, во зависност од тоа каква гозба се подготвува. Да се биде  најдобар главен готвач на Македонската медиумска чорба од немиен кромид очигледно е главен Фактор меѓу останатите.

На немиениот кромид главниот готвач му додава екстра додатоци, гго филува и секако му подготвува мрсна запршка, така што на останатите помошни готвачи им остана само да ја сервираат и дистрибуираат по останатите медиумиски мензи (Плусинфо, Вечер прес, 24 вести, Република, Фокус, Точка…), а богами и големите национални медиумски ресторани (Сител, Телма, Мелма…)

И помалите мензи, и националните ресторани не погледнаа во тенџерето дали состојките во него, обработката и подготовката се по ХАСАП/ФАЛАЛ. Па токму таква беше нарачката, Македонска медиумска супа од немиен кромид. И тргнаа да ја послужуваат на своите конзументи.

Но, вака подготвената чорба, кај поголемиот дел од конзументите предизвика чувство на повраќање и дијареја. Но, (па и не е некое големо чудо)  ниту готвачите и послужителите на супата не се извинија за проблемите што ги предизвикаа во дигестивниот тракт на конзументите, ниту пак реагираа надлежните институции и инспекторати задолжени за „чистотата“ на послужените медиумски производи (ЗНМ, ССНМ,СЕММ, …)

А и како би реагирале, кога нивните членови се ангажирани во овие кујни, било како главни готвачи. Помошници готвачи, салатери, садомијачи, келнери)

Како на пример, медиумот на „бардот“ на македонското новинарство, координаторот на Регистарот на професионални онлајн медиуми – Промедиа при ЗНМ, кој повеќе пати досега објавува лажни вети и дезинформации и манипулации, се со цел да создаде анимозитет и недоверба на граѓаните кон институциите.

Или дежурниот долевач на масло (бензин, гас) на огнот, кој и покрај самопрогласените високи професионални вредности, без проверка пренесува лажни вести и дезинформации, со цел преку предизвиканото незадоволство кај народот, да ја примора Владата да ја наведе водата (бензинот, гасот) на воденицата на својот сопственик.

И сега, откако самите го лапнаа кромидот немиен, и истиот им го сервираа на граѓаните, се поставува прашањето, за кои кујни работат?  Или во недостаток на закани со бомби во училиштата, побрзааа да шират паника со новата големата лага за вооружениот грабеж во Скопјанка, кој доведе до паника во училиштата во близина на наводниот настан, и предизвика вознемиреност и стрес кај родителите кои побрзаа да си ги земат децата од настава.

Општ молк. Нема ни извинување, ниту од телевизиите со национална концесија ниту од електронските медиумите кои, сите по ред, по принцип на сврзани садова ја дезинформираа целокупната јавност .

Но поважно од ова е фактот е секако дека добивме уште еден доказ дека кај нас со лагите се управува од еден центар, а дека медиумите (сега не само оние со национална фрекфенција, туку и другите) се обичен и слеп извршувач на наредбите.

Како поинаку да се протолкува фактот дека никој не отиде и навреме не провери дека тоа е измислен настан. А можеа тоа многу лесно да го сторат, требаше само да завртат ба мобилните телефони на некој од пртпаролите на МВР кои секогаш им стојат на располагање.

Извор: ЦивилМедиа

Tags: дезинформациилажни вестиманипулациимедиуми
Next Post

Кој ќе се кае: Во преамбулата на хрватскиот устав се наведени 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk