ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Маричиќ: Повеќе гласниции за процесот на европски интеграции, помалку простор за дезинформациите

April 2, 2023 09:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за медиуми и аналитика ИМА Скопје, за платформата #Деполаризирајсе што е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни, вклучувачки институции: придонес на граѓанското општество“, разговараше со заменик – преседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Во фокус на интервјуто се активностите кои ги спроведуваат институциите во рамки на започнатите преговори за членство во Европската унија. Во првиот дел од разговорот, Маричиќ одговара на прашања поврзани со дезинформациите околу почетокот на преговорите и скринингот.

Маричиќ: Што повеќе гласници има процесот на европски интеграции, тоа подобро за граѓаните, и тоа помалку простор за дезинформации

ИМА: Господине Маричиќ, Ви благодариме што се одѕвавте на поканата за ова интервју.  За почеток, би сакале да Ве прашаме – Институтот за медиуми и аналитика ИМА веќе разобличи неколку пати дезинформации во јавноста дека преговорите со Европската Унија воопшто не започнале и дека преговорите ќе започнат ако се смени Уставот. Забележавме дека ваквите дезинформации не доаѓаат само од претставници на опозицијата или опозициските партии туку и од политички аналитичари и дека се забележливи и видливи на социјалните мрежи и на онлајн медиумите. Какви мерки презема владата за разобличување на ваквите дезинформации, кои не само што ја подриваат довербата во владата, во институциите, туку ја подриваат и довербата во Европската Унија?

Маричиќ: Самиот процес на пристапување кон Европската Унија е комплексен, долготраен и со многу детали. Тоа го прави подложен за дезинформации. И, Северна Македонија не е првата држава која што се соочила со таа борба против дезинформациите во својот процес на пристапување кон Европската Унија. И во другите држави имало и дезинформации, и предрасуди и полуинформации, кои што се однесувале, пред сѐ, на тоа како секојдневниот живот ќе се промени кога државата ќе влезе во Европската Унија.

За жал, ние сме во уште потешки прашања, горливи прашања, кои што се врзани, нели, со идентитетот и со теми поврзани со нашиот Устав, нашиот правен систем и начинот на кој што функционира државата. И затоа толку е подложна на дезинформации, затоа е толку тешко да се бориме со тоа. Ние како влада, најпрво од самиот почеток, бидејќи нели беше прашање цело време, „Кој е датумот?“, „Каде е датумот?“ ,„Кој е датумот на почеток на преговорите?“ – тој датум е 19 јули 2022 година, и ние во сите прилики го повторуваме тоа. Она што е добро, е што Европската Унија го сфати тоа како неопходност, како нешто што мора да го прави постојано, да повторува дека преговорите се започнати.

И, ние го правиме скринингот најјавен што може да биде, дури однесовме една група на новинари, петнаесетина новинари од нашите медиуми во Брисел да го следат скринингот, да видат како тоа тече и да се уверат самите дека преговорите навистина се почнати. Ќе продолжиме со таа пракса. Сметаме дека покрај секојдневното повторување и сеприсутноста на аргументите дека преговорите се почнати, од страна на нашата влада, но и од страна на Европската Комисија и државите – членки, неопходна е и перманентна едукација на граѓанските организации, но и перманентна едукација на медиумите околу процесот на пристапување кон ЕУ.  Затоа што, како што реков, има многу рокови, многу датуми, многу процедури, многу документи, долго трае, и потребна е таа едукација.

Ние почнавме со таа едукација, како што реков, со една група од петнаесетина новинари, на кои што покрај посетата на Брисел им подготвивме и претходно програма за обука за да го разберат политичкиот и економскиот систем на Европската Унија подобро, и да можат подобро да ги информираат граѓаните. Што повеќе гласници има процесот на европски интеграции, тоа подобро за граѓаните, и тоа помалку простор за дезинформации, манипулации, и шпекулации.

YouTube player
Маричиќ: Скринингот е завршен за два клучни кластери, планот ни е до крајот на оваа декада да бидеме подготвени за членство во ЕУ

ИМА: Во јавноста дури имаше и тврдења дека не сме започнале ни со скринингот. До каде сме со скринингот и дали сметате дека јавноста е доволно информирана за суштината, за важноста и за деталите од овој процес, кој, како што нагласивте, е исклучително важен?

Маричиќ: Видете, има толку многу детали што освен ако нема директен пренос на сите телевизии не може јавноста целосно да биде информирана. Ние во делот на објаснувачкиот скрининг и правиме директен пренос достапен на сајтот на СЕП, правиме и пренос за институциите, за вработените во институциите, за граѓанските организации, за медиумите, и за сите заинтересирани. Од оној билатерален скрининг, каде што ние рапортираме и објаснуваме до каде сме и за колку време сме спремни да ги прифатиме обврските од членството во Европската Унија, од тој дел, на барање на Европската Комисија, сѐ уште не е достапен за јавноста. Но, мислам дека ќе дојде и фазата кога ќе излезат извештаите од скринингот, кога, што ќе треба, и тоа да биде достапно на јавноста.

Скринингот е завршен за два клучни кластери: кластерот темелни вредности, каде што се и правда, правосудство, темелни права, човекови права, фискална политика, финансиска контрола, јавни набавки, значи важни теми, економски критериуми, слобода на медиуми, значи, суштинските теми од политичкиот систем и од судскиот систем, и од правниот систем, се во тој кластер. Тој кластер го завршиме со двата скрининга, и со билатералниот, и со објаснувачкиот. Вториот кластер – внатрешен пазар, кој што исто така е суштински за функционирање на тој внатрешен пазар на  ЕУ, и за отворање на нашиот пазар кон пазарот на ЕУ, исто така е завршен во двете фази – објаснувачката и билатералната.

YouTube player

И сега сме во третиот кластер. Третиот кластер се однесува на компетитивност и инклузивен раст. И, воедно, паралелно го отворивме скринингот за четвртиот кластер, а тоа е зелена агенда и транспортна политика. Така што, навлегуваме, веќе сме скоро на половина од тој процес на скрининг. Започна средината на септември, сѐ уште трае, и треба да заврши некаде во ноември месец. Како резултат на тој скрининг, каде што и ни се презентира тоа што ЕУ го има направено како законодавство во изминативе години, но, исто така, и во одредени фази, ние презентираме и добиваме прашања, како би ги имплементирале европските закони кај нас и колку брзо, и колку ефикасно – кој е капацитетот на нашите институции, сите тие прашања кои што се битни за да функционираме како држава членка на Европска Унија.

По завршувањето на сите поглавја во сите кластери, ќе добиеме извештај за секој кластер. Врз основа на тој извештај, ќе треба да подготвиме документи за реформи. Да речеме, во првиот кластер се тие патокази кои што се спомнуваат, кои што треба да ги опишат нашите обврски до членството во Европската Унија. И потоа, како што се отвораат, ќе треба да ги исполнуваме задачите, да се нотира напредокот. И во зададена временска рамка, која што ние самите ќе ја зададеме, значи нема да нѐ притиска Европската Унија да направиме нешто во определен рок ако ние не  сме подготвени и не го прифатиме како обврска. Значи, во рамка временска која што ние ќе ја зададеме, а во нашиот интерес е тоа да биде што побрзо, ќе ги исполниме тие обврски. Планот ни е до крајот на ова декада да бидеме подготвени за членство во Европската Унија.

Разговорот го водеше Петрит Сарачини на 28.03.2023 година.

Извор: СМК


Дисклејмер: Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Цивика мобилитас, СДЦ или пак спроведувачките организации

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: #демократски_институцииCivicaMobilitasЕвропска УнијаМаричиќ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk