Украина денес се наоѓа во 404-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на 5 април ќе ја посети Полска, изјави денеска советникот на полскиот претседател за надворешни работи Марсин Пржидач.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посетат Кина од 5 до 7 април, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Од 12 до 23 јуни НАТО ќе ја организира најголемата воздухопловна воена вежба „Air Defender 2023“ во која ќе учествуваат 22 земји со повеќе од 200 авиони од 23 различни типови. Околу 100 авиони ќе дојдат од САД, а се очекува да учествуваат околу 10.000 војници.
Неколку МиГ-29 веќе и се испорачани на Украина, тие веќе и помагаат на Украина да ја одбрани земјата.
Руското Министерство за одбрана спроведува информативна операција за оживување на угледот на бригадата која стана синоним за неуспесите на руската армија во Украина, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно поголемо присуство на НАТО трупите во Црното Море.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на пред седиштето на Алијансата во Брисел.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до неколку земји за одбрамбената поддршка што и ја даваат на Украина, меѓу кои и на Северна Македонија.
На Украина и требаат пари од партнерите за брзо закрепнување, бидејќи сега сите средства се трошат на армијата и платите на вработените, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на патувањето во селото Јахидне во регионот Чернихив по повод одбележувањето на една година од ослободувањето на селото од руските напаѓачи.
Подготви: А. Ристески