ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој и напредок на сите полиња

April 4, 2023 12:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Дигиталната трансформација мора да биде испреплетена со принципите на добро владеење. Бидејќи само така ќе биде насочена кон потребите на сите граѓани. И во поглед на ефикасно користење на јавните услуги и за безбедно и сигурно користење на дигиталните алатки и интернетот во секојдневието”, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните” во организација на фондацијата Метаморфозис.

Во своето обраќање вицепремиерката Грковска го елаборираше Концептот за дигитална трансформација на општеството, кој беше усвоен од страна на Владата пред две недели и за кој веќе е започната подготовка на патоказ за имплементација. Со спроведувањето на Концептот ќе се подобри слободниот пристап до јавните информации, ќе се даде предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи, а дигиталниот потпис создаден со лична карта ќе биде еквивалентен со своерачниот потпис. Таа нагласи дека со имплементација на начелото дека податоците што се еднаш внесени во јавен регистар нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, ќе се зголеми ефикасноста на институциите во меѓусебната комуникација, но и во однос на граѓаните. Спроведувањето на Концептот значи и воведување електронска лична карта и мерки со кои ќе се поддржи поврзувањето на сите домаќинства на широкопојасни услуги за да се избегне продлабочувањето на постоечките дигитални јазови во општеството и маргинализацијата на цели групи од општествените текови.

„Ова несомнено ќе ја подобри релацијата граѓани – институции и ќе елиминира низа штетни пракси, кои создаваат фрустрации во секојдневното функционирање, го поттикнуваат коруптивното однесување и нееднаквиот третман и секако, придонесуваат за недовербата во институциите”, нагласи вицепремиерката Грковска.

Поради неопходноста од создавање систем кој ќе биде отпорен на бројните ризици кои се пропратен елемент на дигитализацијата, но и заради задржување и привлекување на квалитетен и квалификуван ИТ кадар во институциите ќе се формира и Агенција за дигитализација. Агенцијата ќе управува со промените, ќе поставува стандарди за безбедна размена на податоци и ќе се грижи за сајбер безбедноста на сите засегнати страни.

„Граѓаните и институциите во повеќе наврати веќе ја почувствуваа и опасноста од хибридните закани. Нема сомнеж дека во иднина ќе искрснуваат и предизвици кои не можеме ни да ги замислиме во моментов, а кои силно ќе влијаат врз социоекономските состојби и процеси. Затоа, немаме друг избор освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност. Бидејќи колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој и напредок на сите полиња”, заклучи вицепремиерката Грковска.

Tags: Грковскатехнолошки промени
Next Post

Маричиќ-Клаин: Унгарија дава поддршка за евроинтеграцијата на С. Македонија, преговорите со ЕУ не смее да се блокираат

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk