Важноста на хуманитарната поддршка на Европската унија за мини за Украина продолжува да расте, бидејќи територијата на Украина контаминирана со експлозиви е 4,5 пати поголема од таа на Швајцарија.
Ова во видео порака го наведува шефот на делегацијата на ЕУ во Украина Мати Маасикас.
Russia’s war has made Ukraine one of the most mine-contaminated countries in the world. On #imad2023 we ?? #StandWithUkraine and support ?? in fully reclaiming its land. pic.twitter.com/qJJUWCxpED
— Matti Maasikas (@MattiMaasikas) April 4, 2023
„Ќе продолжиме да помагаме со геодетски набљудувања, расчистување и едукација за ризикот од мини. Ќе обезбедиме опрема заедно со нашите земји-членки. Но, како и во сите прашања за закрепнување, раководството на Украина е клучно“, рече Маасикас.
Како што е соопштено, од почетокот на руската голема инвазија на Украина, деактивирани се 34.011 експлозивни направи и 2.891 кг експлозив, вклучително и 2.200 авионски бомби.
Испитана е површина од околу 81.601 хектар.
Украина, заедно со меѓународните партнери, подготвува пилот-проект за тестирање на најновите технологии во реални услови за да ги испита областите што може да бидат контаминирани со експлозивни средства.
Подготви: Ј. Ѓ.