ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За Мицкоски Коридор 8 е криминален тендер, Амбасадорката Агелер вели ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија

April 4, 2023 16:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На свечената церемонија на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8. американската амбасадорка Анџела Агелер денеска во своето обраќање пред присутните истакна дека ова е посебен ден за Северна Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа, но и многу голем ден за САД и за американскиот бизнис во земјава.

Агелер, која присуствуваше на поставувањето камен-темелникот на Коридорот 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан нагласи дека подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од витално значење за економскиот развој.

-Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер.

Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Северна Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко.

Агелер изрази благодарност до Владата на Република Северна Македонија, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект.

Американската амбасадорка изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што рече, современа патна мрежа, која ќе доведе до зближување на луѓето од регионот.

Од друга страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се согласува со американската амбасадорка Агелер и вели дека Коридор 8 е криминален тендер.

Тој при денешната посета во Бутел запрашан како го коментира настанот во Тетово за поставувањето на камен темелник на Коридорот 8 потенцираше дека надлежните за овој криминален тендер денеска требело да даваат исказ пред јавно обвинителство. Имено Мицкоски порача дека иако надлежните имале други планови, но ќе дојде тој ден кога тие ќе одговараат за целиот овој криминал.

J. Ѓ.

Tags: Анџела АгелерКоридор 8Мицкоски
Next Post

Трамп денеска пред судот во Њујорк, ова е историски момент за САД

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk