По повод бришењето со боја на натписот со името на Културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков прокоментира дека очигледно атмосферата во земјава „дозволува тоа да се случи“ и има елементи на неказнивост кои фаворизираат такви постапки.
„Колку што ни е познато, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено. Ние би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Осман, се надевам дека ќе одговорат“, рече министерот во врска со претстојните измени во основниот закон на Северна Македонија.