По апсолутно неверојатниот тизер трејлер за Барби, кој ја прикажа секвенцата “dawn of man” од Кјубриковиот 2001: A Space Odyssey, објавен е и целосниот трејлер.
„Да живееш во Barbie Land е да си совршено суштество на совршено место. Освен ако немате целосна егзистенцијална криза. Или сте Кен“, велат во најавата на видеото „Warner Bros Pictires“.
Барби (Маргот Роби) го поминува својот ден во Barbie Land, меѓу сите други барбики кои уживаат во убавиот розов, светлечки и речиси неонски изглед на градот. Потоа, таа добива идеја да се упати кон реалниот свет. Кен (Рајан Гослинг) се разбира дека поаѓа со неа и секако не без неговите ролери
Филмот е на номинираната за Оскар писателка/режисерка Грета Гервиг („Малите жени“, „Лејди Бирд“), а екипажот кој ја носи приказната е неверојатен.
Хелен Мирен е наратор, а следат цела низа барбики, вклучувајќи ги: Иса Реј, Ема Меки, Никол Кафлин, Кејт Мекинон, Александра Шип, Хари Неф, Ана Круз Кејн, Риту Арја и Дуа Липа. И Кен не е изоставен. Кингсли Бен-Адир, Нкути Гатва и Симу Лиу се исто така наведени како Кен. Мајкл Сера, сепак, е Ален. Вил Фарел го игра „извршен директор на Mattel“.
Веста за вклучената екипа во филмот беше обелоденета во вторникот наутро (4 април) со серија филмски постери со првиот изглед на кои се прикажани поединечни кадри од секој член на актерската екипа.
View this post on Instagram
Дуа Липа е покажана како позира на светкавовиолетова и сина позадина, со светло сина перика и соодветен градник од морска школка.
View this post on Instagram
Како што пишува „Billboard“, долго време се шпекулираше дека Дуа Липа ќе има учество во најновиот режисерски проект на Гервиг, предводен од Маргот Роби, која ја игра главната улога во филмот.
Обожавателите на Дуа Липа забележаа уште во декември дека официјалната страница на филмот на Инстаграм – на која беа откриени новите постери на ликови во вторникот – ја следи и поп-ѕвездата.
Што се однесува до гласините дека Дуа ќе придонесе со музика во саундтракот на Барби, тоа сè уште е непотврдено. Потврдата ќе дојде најдоцна до 21 јули, кога филмот ќе се појави во кината.
Подготви: Ј. Ѓ.