ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистината е можна само со одлучна и заедничка борба против дезинформациите

April 6, 2023 10:44
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните кампањи и дезинформациите се модерни, неконвенционални методи на „војување“ со цел нарушување на довербата на граѓаните во системот, креирање страв и паника и обид за остварување на одредено политичко, безбедносно или економско влијание.

Со станувањето на членка на НАТО, Северна Македонија стана мета на ваквите хибридни напади, кои имаат цел да креираат недоверба меѓу граѓаните. Проблемот со дезинформациите во земјава зеде замав со референдумот за промена на уставното име, се засили со појавата на корона вирусот, а својата кулминација ја доживува по руската агресија врз Украина и т.н. француски предлог за почеток на преговорите на земјава со ЕУ.

Со цел справување со дезинформациите, Владата уште во 2019 усвои план за одлучна акција против ширење дезинформации и напади против демократијата со кој Владата ја засили сајбер безбедноста на институциите и започна да презема проактивни мерки за зголемување на активната транспарентност.

Индексот на активна транспарентност подготвен од Центарот за граѓански комуникации покажува дека активната транспарентност се зголемува во 98 следени институции на државно и локално ниво. Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто, што е раст од 10 процентни поени во однос на 2021 година.

Советникот за дигитални комуникации во канцеларијата на премиерот, Илија Жупановски на конференцијата „Дигитална трансформација за граѓаните“ организирана од Метаморфозис изјави дека дезинформациите имаат цел да предизвикаат недоверба на граѓаните во власта и во медиумите, како да рашират паника, како што беше случајот со лажните дојави за поставени бомби во училишта и во трговски центри.

„Пред неколку недели до Владата стигна иницијатива од група домашни организации со конкретни препораки за справување со дезинформациите и тоа владата го прифати како добра основа, па очекуваме наскоро да се седне заеднички на маса и ќе се креира национален план, за да се опфатат сите чинители во справувањето со овој проблем“ обелодени Жупаноски.

За потребата од зголемување на ИТ безбедноста и справувањето со дезинформациите преку олеснет пристап до јавните информации говореше и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Таа истакна дека Владата пред две недели усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството со кој ќе се подобри слободниот пристап до јавните информации, ќе се даде предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи, а дигиталниот потпис создаден со лична карта ќе биде еквивалентен со своерачниот потпис.

„Граѓаните и институциите во повеќе наврати веќе ја почувствуваа и опасноста од хибридните закани. Нема сомнеж дека во иднина ќе искрснуваат и предизвици кои не можеме ни да ги замислиме во моментов, а кои силно ќе влијаат врз социоекономските состојби и процеси. Затоа, немаме друг избор освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност. Бидејќи колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој и напредок на сите полиња”, заклучи вицепремиерката Грковска.

Со цел полесно справување со дезинформациите околу пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Институтот за медиуми и аналитика – ИМА истакна дека важно  е граѓаните да ги знаат фактите за тоа како секојдневниот живот ќе се промени на подобро кога државата ќе влезе во Европската Унија и дека што повеќе гласници има пристапниот процес, помал ќе биде просторот за дезинформации и манипулации.

„Не сме првата држава којашто се соочила со таа борба против дезинформациите во својот процес на пристапување кон Европската Унија. Но, за жал ние имаме и потешки прашања, коишто се врзани, нели, со идентитетот и со теми поврзани со нашиот Устав, нашиот правен систем и начинот на којшто функционира државата. И затоа толку е подложна на дезинформации, затоа е толку тешко да се бориме со тоа“ рече Маричиќ.

Тој кажа дека покрај напорите на Владата процесот да биде потранспарентен, потребна е и перманентна едукација на граѓанските организации, но и перманентна едукација на медиумите околу процесот на пристапување кон ЕУ.

За справување со сите видови на дезинформации потребна е поголема едукација на целото општество со цел дезинформациите полесно да се препознаваат, но и поголема одговорност од политичарите, за да не бидат токму тие кои се споделувачи и извори на дезинформации.

Next Post
Отстранување на споменикот на Ќосето. Февруари 2018 година. Фото: Град Скопје

Левица го сака Ќосето во Аеродром

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk