ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Само прогресивни и демократски ориентирани политички елити имаат храброст и волја да решаваат сложени прашања

April 6, 2023 10:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер Зоран Заев во анализа за списанието „Предизвици“, на тема „отпорноста на демократиите“ пишува дека кога станува збор за неопходноста од создавање и негување резилиентни демократии и општества, Северна Македонија може да биде пример.

-Денес, Северна Македонија е рамноправен дел од најмоќниот сојуз во светот, членка е на НАТО, а ги отвори и преговорите за членство во Европската Унија. Овие две стратешки цели на државата немаше да бидат остварени, или во фаза на остварување, кога е во прашање ЕУ, ако општеството не го исполнеше основниот критериум за членство во овие колективни заедници – соодветното ниво на демократија. А таа, до 2016 година, беше во сериозно опаѓање, со тенденција земјата да заглави во прегратките на тоталитаризмот. Сепак, покажавме дека демократијата може да преовлада и дека е можно да се направи и таква промена. Од „заробена држава“, станавме современ пример којшто сите го

Нарекуваа успешна приказна. Од држава со авторитарни тенденции, со скратена или никаква слобода на изразување и лимитирани медиумски слободи, нашата демократија се консолидираше и унапредуваше, така што окупираното општество го трансформиравме во општествена заедница којашто создава и извезува нови демократски вредности, пишува Заев.

Тој додаде дека откако била реставрирана демократијата и демократските институции, потоа бил започнат процес за ставање крај на повеќегодишните разлики коишто издигнале ѕид којшто ги отежнувал пријателските односи со нашите соседи.

-Со децении претходно режимот од 2006 до 2016 година нив ги игнорираше, бидејќи на авторитарните режими секогаш им одговара да создаваат непријатели за да бидат затворени. Со силен притисок и во коалиција со огромното мнозинство од граѓаните, демократијата преовлада низ демократски избори, низ институциите, ја вративме демократијата таму од каде што беше киднапирана и на светот му дадовме една возобновена демократска Македонија и нов Балкан. Европски. Балкан којшто покажува намери и капацитет да биде: слободен, поврзан, еднакво вреден и еднакво важен дел од напредниот свет. Во времиња на: големи глобални и идеолошки пресврти, радикализации и неизвесност, ние испорачуваме решенија и мир. Пресвртната точка за Северна Македонија и нејзината нова улога во регионот беше Договорот од Преспа, со којшто со Република Грција го решивме тридеценискиот спор. Тој Договор уште еднаш потврди дека само прогресивните, демократски ориентирани политички елити се доволно храбри и имаат силна политичка волја да решаваат и најсложени прашања или недоразбирања. Договорот од Преспа беше движечка сила за нови иницијативи коишто дотогаш не беше можно да се реализираат, оценува Заев.

Според него, денес регионалната соработка и иницијативите како Отворен Балкан се темелите и засилувачите на новите социо-економски перспективи, бидејќи почиваат врз дијалог и меѓусебна поддршка.

-Бидејќи се во суштината на демократијата и либерализмот, односно се директни противници на радикализмот и на авторитарните, самодоволни режими. Токму затоа, иницијативите за соработка и поврзување, како што е Отворен Балкан, имаа, и имаат противници меѓу националистите и автократите. Но, ова е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и сојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искрите национализам коишто, на моменти, ја прекриваат дури и Преспа со непријатен чад и мирис. Имаме одговорност да повикуваме на здружено делување, ние умерените левичари и десничари, заедно да се спротивставиме на радикалните центри и тенденции коишто од лево и десно се спојуваат зад нашиот видокруг, користејќи најопасни методи за манипулации, предизвикувајќи конфликт и судир, не нудејќи никакви решенија за напредок, нагласува Заев.

Tags: ЗаевМакедонијаНАТО
Next Post

Втора година сме во демократските земји, наспроти заробената држава од 2016 година – демократијата ќе преовладее, вели Заев

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk