ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

С. Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во евроинтеграциите: „Покажавме дека сме кредибилен партнер на ЕУ и сме подготвени да одговориме на задачите“

April 7, 2023 11:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на европската интеграција. Двајцата министри ги оценија односите меѓу двете држави како одлични и потенцираа дека ова е уште една потврда дека се дава посебно значење на соработката и натамошниот развој на севкупните билатерални односи во исполнувањето на нашите стратешки цели – евроинтеграцијата.

На прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот вицепремиерот Маричиќ истакна и дека двете Влади имаат иста задача и мисија.

– Да ги приближиме нашите граѓани повеќе до вредностите на ЕУ во наредните години, но и придобивките што ќе ги имаат од тој процесот на пристапување да ги направиме уште повидливи. Со Србија не сме само соседи и географски блиски земји. Со Србија имаме заедничко минато, блиски традиционални врски меѓу двата народа и што е најважно имаме заедничка иднина и ист интерес: Да ги развиваме двете држави по европски терк и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани, рече Маричиќ.

Двете земји, како што истакна вицепремиерот, направивме многу и напредокот на двете земји е очигледен.

– Денес имаме политички моментум и поддршка од Брисел да дадеме нова динамика на преговорите со ЕУ. Руската агресија врз Украина ја направи јасна потребата од обединување и обезбедување на стабилност на Западен Балкан, што отвори нови можности за регионот да направи чекор напред во евроинтеграциите, а истовремено даде шанса за Украина, Молдавија…., рече Маричиќ.

Според него, европската перспектива на нашите земји како никогаш досега е достижна, а она што се очекува од ЕУ е извесност и јасен план за проширувањето на Унијата, што ќе значи поттик за забрзување со процесите на трансформација на општествата.

– Покажавме дека сме кредибилен партнер на ЕУ и сме подготвени да одговориме на задачите, ред е Унијата да даде временска рамка и да го заврши обединувањето на стариот континент. Мислам дека ова е идеален момент за забрзување на пристапниот процес, имајќи предвид дека годинава се одбележуваат 20 години од Самитот во Солун, кога на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива, земајќи го предвид и новиот геополитички контекст, истакна Маричиќ.

Со денешното потпишување на Меморандумот за соработка, вицепремиерот кажа дека, двете министерствата придонесуваат кон поуспешна подготовка и олеснување на процесот на пристапување во ЕУ.

– Искуствата и размената на знаење, информации, практики меѓу преговарачите, Групата на преговарачи, експертите вклучени во пристапните преговори, како и меѓу ресорните министерства и агенции во спроведувањето на политиките на ЕУ во сите Кластери, ќе ни биде важен придонес во ефикасното водење на процесот, рече Маричиќ.

Осврнувајќи се на иницијативата „Отворен Балкан“, вицепремиерот рече дека практично ни покажа како е да се функционира во ЕУ, како е да зборуваме за инфраструктурни проекти, за трговска размена, мобилност на нашите граѓани, за јакнење на економијата и создавање стабилна и поволна средина за инвестиции.

Српската министерка Мишчевиќ истакна дека одлична е хемијата и духот помеѓу двете институции, нарекувајќи ги двете држави „братски“, кои се занимаваат со стратешки работи.

– Соработуваме многу долго и успешно. Понекогаш ние учиме од Македонија, понекогаш тие учат од нас, рече Мишчевиќ.

По завршувањето на прес-конференцијата двете делегации ќе одржат работилница во Владата посветена на евроинтеграциите.

Tags: ЕУМаричиќМишчевиќ
Next Post

Кина повторно испрати воени бродови во близина на Тајван

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk