ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Измените на девет закони за Коридорите денеска во Собрание

April 10, 2023 08:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење… Како последна точка на дневниот ред се измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка.

Освен 112-та седница, Собранието денеска треба да одржи продолженија на уште седум седници, на 50-та, 71-та, 79-та, 86-та, 100-та, 103-та и 106-та седница.

Во рамки на продолжението на 50-та седница пратениците треба да го разгледаат Предлог-законот за парничната постапка, во прво читање.

Од дневниот ред на 71-та седница се преостанати неколку точки, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, предложените измени на Законот за работни односи, во прво читање, и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Неразгледана е и точката за Интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од дневниот ред на 79-та седница се преостанати неколку точки, меѓу кои Предлог кодекс за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година, Годишен извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2021 година.

На дневниот ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за просветната инспекција, во прво читање и уште неколку предлог-закони за ратификации на договори и спогодби. Неразгледана е и ратификацијата на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Од дневниот ред на 86-та седница се преостанати уште две точки, Предлог на просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030 и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање.

Пратениците во рамки на продолжението на 100-та седница треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“ и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, и двата по скратена постапка. На дневен ред на седницата е Предлог-законот за нуспроизводи од животинско потекло, во прво читање.

Во рамки на продолжението на 103-та седница, пратениците треба да ги разгледаат предложените измени на Законот за вработување на инвалидни лица, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување на Законот за царинска тарифа, сите по скратена постапка.

Собранието денеска ќе го одржи и продолжението на 106-та седница. Од дневниот ред на седницата се преостанати неколку точки, Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, Предлог-законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, во прво читање.

Tags: Коридор 8 и 10дСобрание
Next Post

Османи во посета на Јужен Кавказ

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk