Денеска во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промоцијата на АДА – првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор.
Настанот ќе се одржи во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој (ГТЦ на втори спрат).
На промоцијата ќе се обратат и Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и Директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој, Фестим Халили.