ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Велигденски концерт на Танец и почеток на новата концертна сезона

April 10, 2023 10:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Танец

Фото: Танец

Share on FacebookShare on Twitter

Националниот ансамбл за народни игри и песни  „Танец“ вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.

Оваа година тој има еден посебен предзнак – програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција,  ансамблот „Танец“. На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов.  На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.

Фото: Танец

Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од 8-годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец”. Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на  инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот  прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера. Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со “Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата “Македонски мерак”. Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии. Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија. Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, каде што уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот, создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја.

 

Next Post

Приведени двајца крадци во Скопје, фатени на дело

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk