Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим, се потврдува актуелноста на Мерка 7 и од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам и алтернативно земјоделско производство, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 60 % од инвестицијата, пишува АгроТим.
Во делот на инвестиции во алтернативното земјоделско производство, значајно место завземаат инвестициите во ПЧЕЛАРСТВОТО, каде што дел од прифатливите трошоци можат да бидат:
Опрема за пчеларство (опрема за прием, собирање и складирање)
Опрема за прием, собирање, складирање, полнење и пакување на мед,
Опрема за производство и пакување на други пчелни производи,
Опрема за етикетирање,
АПИ комори
Опрема и апарати за анализа на производот
Опрема за манипулација, товарање и растоварање,
Инсталација на соодветната опрема;
Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
Обезбедување на хигиенски и санитарни услови и т.н.