Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко синоќа изјави дека Украина го обнови извозот на електрична енергија во Европа, што беше прекинат во октомври кога Русија почна со редовни ракетни и беспилотни напади врз виталната енергетска инфраструктура.
Тој додаде дека нападите предизвикале големи прекини на електричната енергија за цивилите и индустријата, принудувајќи ги екипите за итни случаи да работат прекувремено за да ја обноват мрежата.
Гачушченко истакна Русија не успеала да го уништи украинскиот енергетски систем, како и дека снабдувањето со електрична енергија на локалното население останува приоритет.
Во моментов има планови за зголемување на прекуграничниот дистрибуција помеѓу Украина и Полска, што ќе го зголеми извозот, наведе Галушченко.
Украина пред војната извезуваше електрична енергија во Молдавија, Унгарија, Словачка и Полска.