ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дигиталната Царина станува реалност, ефикасните контроли врвен приоритет во 2023 година

April 12, 2023 15:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Имплементиравме мерки за зголемување на конкурентноста на македонската економија, меѓу кои намалување и укинување на царинските стапки на суровини за индустриско производство, први во регионот воведовме зелени коридори кон ЕУ, и воспоставивме One Stop Shop со Србија, а работиме и на воведување на овој концепт со другите соседни земји. Работиме на имплементација на т.н. паметни граници и продолжуваме со дигитализацијата на царинските процеси, што е од голема важност за олеснување на трговијата, а подобрувањето на контролите во насока на заштита на општеството и намалување на сивата економија останува наш приоритет”, истакна директорката Славица Кутиров на денешниот настан организиран по повод Денот на Царинската управа, на кој беа присутни царинските службеници, претставници на бизнис заедницата и стопанските комори, како и претставници на владини институции.

Во рамки на настанот беа доделени 16 ОЕО сертификати на економски оператори, а плакети за меѓуинституционална соработка беа доделени на Управата за јавни приходи, Одделот за гранични работи и миграции и Државниот завод за статистика. Истакнати вработени во Царинската управа добија пофалници и благодарници за нивниот особен придонес во работата.

Презентирани беа и резултатите и достигнувањата на Царинската управа за 2022 година, проектите кои се во тек и новите планови за понатамошен развој, регионална интеграција и приближување кон Европската унија.

„Во 2022 година бележиме раст од 15% при наплата на приходите во однос на 2021 година – остварени приходи од 119,2 милијарди денари или 15,6 милијарди повеќе од 2021 година, што претставува скоро половина од вкупните буџетски приходи на државата. Воедно, изминатава година бележиме 114 случаи на заплени, што претставува двоен раст во однос на 2021 и 2020 – над 8 тони дроги и психотропни супстанци, како и девизи, злато и акцизна стока со вредност над 2 милиони евра.” – потенцира Кутиров.

Царинската управа оваа година ги интензивираше активностите во рамки на регионалните иницијативи преку ЦЕФТА и Отворен балкан. Особено е истакнат концептот на Овластен економски оператор, и договорите за меѓусебно признавање на статусот на ОЕО со Србија и Албанија, со што на 26 домашни компании иматели на овој сертификат им е обезбедено користење на поволностите и во овие земји.

„Дигитализацијата е опфатена во сите стратешки приоритети на Царинската управа, каде се пресликува преку повеќе проекти во нашиот тригодишен Акциски план за развој, на чија реализација активно работиме. Навремената и ефикасна имплементација на европските регулативи и системи на национално ниво, а особено директната интерконекција со централните европски системи, следејќи го Повеќегодишниот стратешки план на Европската Унија за воспoставување е-Царина продолжува да биде императив во развојот на Царинската управа, при воведување на секоја новина во работењето”, нагласи директорката Кутиров, и притоа го истакна воведувањето на новиот сервис – Зелена царинска декларација, преку кој царинските постапки за увоз и извоз се реализираат за 1 час, во целосно бесхартиена околина.

Евроинтегративниот процес е високо на агендата на институцијата, преку усогласување на законодавството и примена на европските стандарди и најдобри практики во работењето. Царинската управа раководи со Поглавје 29: Царинска унија, а со свои експерти активно учествува и во 12 други поглавја, со значаен придонес за прашањата во надлежност на Царината.

Tags: Дигитална Царина
Next Post

Слепите лица добиваат бесплатна дигитална алатка аудио читач „Кико", достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk