„Можам да ви кажам еден детаљ од раговорите во Собранието кога Борел им рече на пратениците од опозицијата дека не можам да ви гарантирам ништо друго за иднината, освен две работи – дека македонскиот јазик и идентитет нема да бидат чепнати и дека немате шанси да испреговарате подобар предлог од овој“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека не е коректно према граѓаните опозицијата да излегува со такви залажувања, бидејќи сите европски функционери, но и претставници на земјите-членки на ЕУ порачаа дека нема начин да се ревидира овој предлог и од тоа да се излезе на подобро.
„Ние ги знаеме решенијата на ВМРО-ДПМНЕ, имаа решенија и за спорот со името кое траеше 11 години, никогаш не се случи. Знаеме кое е решението и сега. Јас можам да ви го опишам, конкретно, кое што нема никаква врска со реалноста. Жал ми е што се лаже јавноста, со тврдења кои што ги кажа г-динот Николоски кои што можат да подгреат некакви лажни надежи. На пример кажа дека можно е да одиме понатаму во процесот со ЕУ дури и без уставните измени. Тоа не е можно“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека така се залажувавме 11 години дека можеме да одиме на патот кон ЕУ и НАТО без да го решиме спорот со Грција, но тоа не се случи никогаш, а нема да се случи ни сега.