ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Oсмани: Подготвени сме да го споделиме нашето искуство и да ги поддржиме Азербејџан и Ерменија во враќањето на преговарачката маса

April 12, 2023 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи, за време посетата на Азербејџан, ја истакна својата и поддршката од Организацијата за мирно, сеопфатно и одржливо решавање на несогласувањата помеѓу Азербејџан и Ерменија.

На средбата со азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов во Баку, изрази поддршка за иницијативите кои го олеснуваат дијалогот и ги смируваат тензиите, вклучително и мерките за градење доверба што водат кон нормализација на односите.

„Стоиме зад секој напор кој обезбедува позитивна динамика за целосно спроведување на претходно договорените мерки и идентификација на нови области за договор. Го охрабрувам континуираниот билатерален ангажман меѓу Азербејџан и Ерменија кон мирот и решавањето на клучните прашања како што се разграничувањето и отворањето на комуникациските линии”, истакна Османи.

Во својство на Претседавач со најголемата светска безбедносна организација, Османи потенцираше дека Северна Македонија го презела претседавањето со ОБСЕ во тешко време на руската воена агресија против Украина, посочувајќи дека мрачната реалност директно претставува сериозна закана за ОБСЕ, неговите вредности и принципи.

Османи го увери својот домаќин дека ОБСЕ ќе даде поддршка во нивната потрага по одржлив мир ставајќи го на располагање искуството, експертизата и неопходните алатки кои ги поседува Организацијата за ова прашање.

„Тоа го заслужуваат и луѓето во вашата земја и поширокиот регион и ние сме подготвени да продолжиме со нашите напори користејќи ги постоечките механизми на ОБСЕ, како и преку нови идеи и пристапи. Всушност, мотото на нашето претседателство е ‘За луѓето се работи’ и ние се стремиме кон мирно, сеопфатно и одржливо решавање на несогласувањата што ги засегаат Азербејџанците и Ерменците”, порача Османи на средбата со Бајрамов.

Со својот колега од Азербејџан, Османи ги сподели искуствата на Северна Македонија во решавањето на несогласувањата со соседите преку мултилатерални платформи, посочувајќи дека напредок може да се постигне само преку преговори, градење меѓусебна доверба и политичка волја.

„Ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да ги поддржиме сите страни во враќањето на преговарачката маса, а не на бојното поле. Мојата цел како Претседавач со ОБСЕ е да ја зајакнам и продлабочам соработката, да промовирам мир и стабилност во овие неизвесни времиња”, посочи Османи.

Tags: АзербејџанЕрменијаОБСЕОсмани
Next Post
Александар Николоски. Фото: Фронтлајн

Ковачевски за „Бехтел и Енка“: Николоски лаже и шири невистини, како што прави и неговиот претседател

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk