ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Најголема придобивка од одржлив мировен договор ќе имаат граѓаните на Ерменија и Азербејџан

April 13, 2023 10:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Актуелната состојба и односите помеѓу Ерменија и Азербејџан беа главна тема на денешната средба на Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан.

„ОБСЕ ги поддржува иницијативите за постигнување на мировен договор. Од огромно значење е конечно да се решат долгогодишните прашања и да се нормализираат односите меѓу вас како наши важни партнери. На крајот на денот, најголема придобивка од одржлив мировен договор ќе имате токму вие и граѓаните, и на Ерменија и на Азербејџан”, рече Османи на средбата со Мирзојан.

Османи се интересираше за статусот на мировниот договор, како и за севкупната безбедносна ситуација во земјата, како и за состојбата на притворените Ерменци во Нагорно-Карабах.

„Дозволете ми да ја истакнам мојата целосна поддршка за тековните напори за посредување и за воспоставување стабилност на терен. Се надевам дека искуството и предностите на ОБСЕ може поактивно да се искористат за безбедноста во вашиот контекст”, рече Османи.

Османи и Мирзојан, исто така, разговараа и за загриженоста на Ерменија за состојбата во Лачинскиот коридор и ефектите од неа врз животот и егзистенцијата на населението од оваа област.

„Ги разбирам грижите на Ерменците, и во духот на нашето претседавање ‘За луѓето се работи’ ги охрабрувам сите страни да продолжат со преговорите, наспроти употребата на сила и принуда во решавањето на споровите”, истакна Османи на средбата. Тоа се однесува и на прашањата на демаркација и отворање на комуникациските линии, додаде Османи.

Како што истакна Османи, преговарачкиот процес може да биде комплициран и тежок, но треба да надвладее перспективата за добрососедски односи и трајна стабилност.

„Мора да гледаме со надеж во иднината и надвор од нашите непосредни грижи за да ја видиме големата слика, а таа е договор што може да се постигне преку силно лидерство, добри намери и политичка волја”, рече Османи.

Османи уште еднаш ја истакна посветеноста на ОБСЕ кон Ерменија во нејзините напори и аспирации за обезбедување на одржлив мир.

„Бидете уверени дека како Претседавач со ОБСЕ ќе работам на зајакнување и продлабочување на нашата соработка, промовирајќи мир и стабилност во овие неизвесни времиња”, потенцираше Османи.

Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со претседателот на Ерменија, Вахан Хачатуријан, премиерот, Никол Пашинјан и делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ од Националното собрание на Ерменија.

Tags: АзербејџанЕрменијаОсмани
Next Post

Нови протести ширум Франција против пензиската реформа

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk