ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

April 13, 2023 08:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод отварањето на годинешното 6. издание на “Џез фактори фестивал“ закажано 13. април, во Центарот за култура се одржа прес конференција на која зборуваа директорот на Народниот Театар од Битола, институција која се јавува како домаќин на фестивалот, Иван Јерчиќ и професорот Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“.

„ Битолскиот театар е домаќин на фестивалот веќе шеста година, а мене ми е чест и радост што еве покрај сите премрежја, прво поради короната и едно издание се одржа на отворено и со голем ентузијазам, фестивалот се одржува благодарение на заложбите на Сашо и неговиот тим кој го организира фестивалот. Ние сме кодомаќини и трите вечери ќе се одржуваат на големата сцена на НТБ. Ние колку можеме го помагаме “Џез фактори фестивалот“, а шестата години ветува одлична програма, а во Битола ќе видиме и слушаме во квалитетна џез музика, која ќе ни ја понудат светски џез музичари“, истакна директорот Јерчиќ.

Професор Сашо Поповски рече: „ Фестивалот оваа година има неколку новини, а го отворивме на 8. април со изложба на Даниел Ѓурчиновски, која се наоѓа во Офицерскиот дом. Со новините го зголемивме обемот на фестивалот, а годинава како и секоја година ќе имаме девет концерти. Главната програма започнува со оригинален проект, направен токму за “Џез фактори фестивалот“, а такви оригинални проекти има три, што е реткост. На сцена ќе го имаме најголемото име на светската џез сцена, Баби Сисоко кој доаѓа од Мали, Африка, а ќе настапи заедно со Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија. Вториот концерт е настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција, а ова ќе биде дел од мрежата во кој е Општина Битола, кој ги обединува градовите каде има џез фестивали во Франција“.

Годинешното 6.по ред издание на Џез фактори фестивалот, ќе се одржи од 13-ти до 15-ти април.

Следниот ден е резервиран за настапот на Милан Петровиќ квартетот од Србија и Liquid Carpet од Словенија.

Последниот ден во НУ Народен театар Битола ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, после што следува настапот на Vertitur, non mutatur и Џијан Емин од Македонија.

На 13.април како дел од споредната програма во кафе бар Порта џез ќе настапи „Arnau Garrofé Farràs Quartet“.

Следниот ден е резервиран за конференцијата RJFB France- Balkan Jazz Network, со почеток од 12 часот во Pub Bourbon Street.

Вечерта во Камарите ќе настапи Иле Косата заедно Стефан Тасевски.

На завршниот ден со почеток од 13 часот ќе настапат

United Group Department feat Леана Таќи од Македонија, во Камарите.

Џез одделот при Музичката Академија – Универзитет Гоце Делчев – Штип несомнено е главен генератор и двигател на современата Македонска џез сцена во изминатите 15 години. Токму членовите на United Group Department своето формално образование го стекнуваат на УГД моделирајќи ја својата музичка визија низ јазикот на џез музиката. Јован Цветковиќ, Филип Стипшиќ, Емил Ејупи и Теодор Јаневски во комбинација со Леана Таќи ке ве поведат на музичко патување низ различните историски периоди на џез културата.

За овогодинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

Фестивалот се организира под покровителство на Општина Битола со поддршка од НУ Народен Театар Битола, КИЦ- Битола (Офицерски дом) и Министерството за култура.

Tags: БитолаЏез фактори
Next Post

Претседавачот со ОБСЕ во Ереван на средби со државниот врв

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk