ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Грковска: Образовен систем без корупција е предуслов за напредок на нашата држава

April 25, 2023 14:00
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Важно е секој лидер да поседува вештини и знаења за ефикасно справување со коруптивните практики и тоа да го применува во своето работење, редовно и бескомпромисно. Таквото промовирање на етичко лидерство и добро владеење е најдобриот вид антикорупциско образование. Образование кое може да придонесе за развој на општество без корупција, каде што секој има еднакви можности и пристап до ресурси. Сѐ друго би останало на ниво на лекција, со која можеби секој ќе се запознае, ама нема да ја прифати и примени”, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“.

Вицепремиерката Грковска истакна дека корупцијата во самиот образовен систем е проблем кој ги саботира шансите за позитивен исчекор. Затоа и наставниците и учениците мора да ја знаат важноста на интегритетот и да бидат доволно оспособени и информирани за да се спротивстават на коруптивните практики и да понудат свеж и необременет пристап во борбата против корупцијата.

„Создавањето образовен систем без корупција, кој ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти е единствениот систем кој може да води до понатамошна поширока промена во општеството. Коруптивниот светоглед не смее да биде дел од просторот каде што се обликуваат младите мозоци, ако сакаме образованието да ја има просветителската улога и да води напред, кон подобри меѓучовечки односи во општеството, подобри пракси на управување и конечно, до подобри услови за раст и развој на нашата држава и нејзиниот човечки потенцијал“, посочи вицепремиерката Грковска.

На тркалезната маса се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири, Владимир Георгиев од Државната комисија за спречување на корупцијата, Флоријан Трегер-Штајнтјес, прв секретар на политичката секција во германската амбасада во земјава и Џовани Гало и Константин Паликарски од Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.

Свој придонес дадоа и претставници од граѓанските организации: Младински образовен форум, Македонски центар за меѓународна соработка, Македонски центар за граѓанско образование, Средношколски сојуз и Институтот за човекови права. Дискусиите опфатија искуства и можности за дизајнирање и спроведување на антикорупциско образование во училиштата, како и можности за градење партнерства и мрежи за подобрување на овој аспект во образовниот систем.

Настанот е во организација на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење и Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), поддржани од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), кои целат кон зајакнување на антикорупциските капацитети на младите, препознавајќи ја нивната улога како агенти на промената.

 

Tags: образованиеСлавица Грковска
Next Post

Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, изјави митрополитот Тимотеј по седницата на Светиот синод

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk