ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

МНР на Украина: Украинскиот Крим и сите други територии окупирани од русија, ќе бидат ослободени, сите претставнички тела ќе бидат обновени

Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина

April 26, 2023 16:03
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Руска окупација на Крим, 2014 година

Руска окупација на Крим, 2014 година

Share on FacebookShare on Twitter

Денес навршуваат 7 години од незаконската забрана на Меџлисот на кримскотатарскиот народ од страна на руската окупациска администрација во Крим под измислен изговор дека нејзините активности се квалификуваат како „екстремистички“.

Таканаречен „екстремизам“ руските окупатори го нарекуваат тоа што највисокото претставничко тело на Кримските Татари не ја призна руската окупација на Крим и одби да соработува со руските окупациски власти.

Забраната на Меџлисот на кримскотатарскиот народ е злосторство на русија насочено против домородното население на Крим и бесрамно непочитување и кршење на основните норми на меѓународното право, вклучително и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и основните слободи, Декларацијата на ОН за правата на домородните народи.

Веќе седум години по ред русија ја игнорира наредбата на Меѓународниот суд на правдата на ОН од 19 април 2017 година во случајот „Украина против руската федерација“, кој ја обврзува русија „да се воздржи од прифаќање или поддршка на ограничувањата во врска со можноста на Кримските Татари да одржуваат свои претставнички институции, вклучително и Меџлисот на кримскотатарскиот народ“, како и да обезбедат слободен влез и излез на територијата на Крим за раководството и членовите на Меџлисот на кримскотатарскиот народ.

Повеќе од 180 граѓани на Украина, жители на Крим, од политички причини подолго време се во затворите на Кримскиот полуостров и во Русија. Конкретно, руските окупатори незаконски го држат зад решетки првиот заменик-шеф на Меџлисот на кримскотатарскиот народ, Нариман Џељал.

Цврсто сме убедени дека наскоро украинскиот Крим, како и сите други територии на Украина привремено окупирани од русија, ќе бидат ослободени, а легалните активности на сите претставнички тела на Украина, вклучително и Меџлисот на кримскотатарскиот народ, ќе бидат обновени. Претставниците на окупациските власти ќе добијат соодветна законска оцена и казна за незаконските и злосторните дејствија.

Извор: МНР на Украина

Next Post
Фото: Влада.мк

Османи од Брисел: Подготвени сме за уставни измени, политичарите од соседство да престанат со провокациите

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk