Ставот на претседателот Стево Пендаровски за вчерашните случувања во Судскиот сове е дека се случувале сцени „кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога“, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството, се вели во реакцијата на Кабинетот.
„Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија“, се додава во ставот на Пендаровски.