ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска на ЕСГ Самитот на Западен Балкан: Женското лидерство го збогатува пристапот во справувањето со сите колективни предизвици

April 28, 2023 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Иднината во која жените се вклучени во сите општествени процеси во иста мера и со исто влијание како мажите, иднината во која жените целосно ги уживаат своите права, но и го преземаат својот дел од одговорноста во градењето на нашите општества, економии и животи, не смее да биде далечна проекција, туку треба да се испорача од нашата генерација”, истакна Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во онлајн обраќањето на ЕСГ Самитот на Западен Балкан.

Таа истакна дека за разлика од развиените земји кои го решија ова прашање, во нашиот регион сè уште се соочуваме со различни бариери, кои се вкоренети во стереотипите за жената и традиционалните погледи за нејзината улога во семејството и општеството, што претставува огромно ограничување за развојот.

Самитот, кој деновиве се одржува во Тиват, Црна Гора, е посветен на теми од животната средина, одржливиот развој и одговорното управување (ЕСГ), со учество на регионални и глобални владини и деловни лидери и експерти.

Вицепремиерката Грковска ја отвори панел дискусијата посветена на родовата еднаквост, диверзитетот и женското лидерство, во чии рамки се промовира и новата регионална иницијатива за унапредување на родовата еднаквост во процесите на носење одлуки „Adria Women on Boards”. Поздравувајќи ја оваа иницијатива, таа порача дека паралелно со остварувањето на основната цел за поголемо учество на жените во процесите на донесување одлуки во светот на бизнисот, треба да се истакнува важноста на женскиот пристап во справувањето со останатите колективни предизвици и во подобрувањето на животот на сите граѓани од регионот.

„Силно ги поддржувам ваквите регионални поврзувања, бидејќи проблемите и пречките се заеднички за сите земји во регионот. Затоа, учењето еден од друг, размената на искуства, практики и пристапи, води кон подобрување на положбата на жената и до севкупен напредок на нашите општества. Во таа насока, како Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, неодамна го иницирав формирањето на Форумот на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа. Овој форум е посветен на прашања кои се важни за сите нас. Прашања кои се клучни за натамошната демократизација на нашите земји, за економскиот развој, за општествениот напредок”, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање на ЕСГ Самитот на Западен Балкан.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрковскаЕСГ СамитЗападен Балкан
Next Post
Никола Бабовски Фото: АХВ

Бабовски: Моментално во земјава нема свинска чума кај домашната популација

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk