По обидот за атентат врз бугарскиот обвинител, извршната власт на ЕУ треба оваа недела да усвои предлог за борба против злосторствата низ целиот блок преку зајакнување на антикорупциските тела, усогласување на дефинициите и казните и олеснување на прекуграничните истраги.
Предлогот на мерките кои треба да се превземаат го водат потпретседателите на Комисијата, Вера Јурова и Маргаритис Схинас, а поставен за усвојување од Колеџот на комесари кои редовно се одржува во среда.
Земјите на ЕУ добро се снаоѓаат во меѓународната ранг-листа за борба против корупцијата но дефиницијата за тоа што претставува корупција – како и средствата за известување и борба против неа – многу се разликуваат од земја до земја.
Според истражувањето на Евробарометар од 2022 година, 63 отсто од граѓаните во земјите на ЕУ сметаат дека корупцијата е неприфатлива. Но, тој број варираше во голема мера на ниво на земја, од 78 отсто кои го сметаа за неприфатливо во Ирска наспроти само 34 отсто во Латвија и 30 отсто во Чешка.
Загрижувачки податок од ова истражување е фактот што 53 отсто од Европејците изјавиле дека не знаат како да пријават корупција кога наишле на неа, додека 48 отсто ја навеле тешкотијата за докажување на наводите.
Предлогот на Јоурова и Схинас има за цел да ја подобри соработката за прекугранични истраги и да го олесни фаќањето криминалци преку, формирање антикорупциски тела во сите земји на ЕУ и усогласување на дефинициите и санкциите, вклучително и минималните .
Паралелно , Европската служба за надворешна акција треба да предложи свои антикорупциски мерки кои имаат за цел да ја зајакнат способноста на блокот да санкционира трети земји поради проблеми со корупцијата.
Доколку бидат одобрени од Европскиот парламент и Советот, овие мерки ќе ја зајакнат способноста на ЕУ да се бори против корупцијата во нејзиното соседство.
Б. Ј. / НаваТВ