ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Софија треба „привремено“ да им плати 1,6 милиони евра на поранешниот бугарски крал Симеон Втори и неговата сестра, пресуди Европскиот суд за човекови права

May 2, 2023 16:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Симеон Втори.
Фото: Grey Geezer / Wikimedia

Симеон Втори. Фото: Grey Geezer / Wikimedia

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска пресуди дека Софија треба „привремено“ да им плати повеќе од 1,6 милиони евра на поранешниот бугарски крал Симеон Втори и неговата сестра, затоа што се спречени во комерцијалното користење на шумско земјиште.

Бугарија „на тужителите треба да им плати 1.635.875 евра материјална отштета“, се наведува во соопштението на судот, кој веќе ја осуди Софија за овој случај во септември 2021 година.

Судот од Стразбур, каде што тужбата ја поднесоа Симеон Борисов од Саксобурготски и Марија-Луиза Борисова Хробок, поранешната принцеза, тогаш едногласно одлучи дека Бугарија го прекршила нивното право на заштита на сопственост и правично судење.

Одлуката е донесена поради мораториумот за пренос и комерцијалното користење на вратениот имот, што се однесува на шумско земјиште и е воведен во 2009 година и се уште е во сила, наведуваат од судот.

Целиот имот на круната во 1947 година преминал во рацете на државата, кога комунистите ја прогласиле Бугарија за република. Но, во 1998 година беше оценето дека овој пренос е против правото на сопственост, па поранешниот крал и неговата сестра побараа враќање на имотот. Ова беше направено за повеќето имоти, но во тоа време беше воведен мораториум.

Во својата прва одлука, судот го остави прашањето за праведен надомест во очекување на договор меѓу двајцата тужители и бугарската држава.

Но, речиси две години по првата одлука донесена во 2021 година, постапката се уште е во тек пред бугарските судови, а ЕСЧП повторно пресуди во корист на поранешниот крал и неговата сестра и ја потврди нивната проценка за загубата со тоа што им додели „привремено“ повеќе од 1,6 милиони евра до завршување на постапката во Бугарија.

Симеон II. бил крал само неколку години кога бил дете. Роден е во 1937 година, а на тронот се искачи во 1943 година по смртта на неговиот татко. Тој ја напушти земјата во 1946 година и се врати од егзил во 1996 година без да се откаже од бугарското државјанство.

Тој е единствениот поранешен европски крал кој стана премиер во својата земја. Тој беше умерен либерал и ја водеше владата од 2001 до 2005 година.

Tags: бугаријаЕвропскиот суд за човекови праваСимеон Втори
Next Post

Отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров во Штип

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk