ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНС: Во Србија бројот на закани и напади врз новинари двојно зголемен во споредба со 2021 година

May 2, 2023 12:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: David Aguirre/Pixabay

Фото: David Aguirre/Pixabay

Здружението на новинарите на Србија денеска предупреди дека бројот на закани, притисоци и напади врз новинари минатата година е двојно зголемен во однос на 2021 година и побара измени во Кривичниот законик за што е можно повеќе форми на овие напади да бидат опфатени со криминална одговорност, јави Бета.

Во прогласот по повод 3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, здружението наведува дека во 2022 година евидентирале 140 случаи на закани, притисоци и напади врз новинари наспроти 74 случаи забележани во 2021 година.

„Најчестиот обид за задушување на слободата на медиумите беа заканите што ги добиваа новинарите преку социјалните мрежи. Најсериозна закана е забележана и преку Интернет, која беше испратена до редакцијата на дневниот весник „Данас“, се наведува во соопштението.

УНС потсети дека авторот на подкастот на телевизија Нова С, писателот Марко Видојковиќ, поради закани преку социјалните мрежи, бил принуден да ја напушти Србија и со помош на меѓународната асоцијација ПЕН Интернационал бил преместен на безбедна локација.

„Репресијата врз новинарите започна во локалните области, а тоа најдобро го покажа случајот со заканите кон редакцијата на ОК радио од Врање и сопственикот на таа медиумска компанија Оливер Владковиќ, за што бизнисменот Дејан Николиќ Кантар беше осуден на 14 месеци затвор во прв степен“, соопшти Здружението на новинари на Србија.

Според податоците од базата на УНС, притисоци врз новинарите во Србија најчесто вршеле членови на владејачката Српска напредна партија, а дополнителна штета на медиумите им нанесувале таканаречените тужби СЛАП, со кои, според здружението, моќните бараа нереална компензација од малите медиуми.

Tags: новинариСрбија
Next Post
Богданка Кузеска

Кузеска: Коридорите се од национален интерес, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против секоја стратешка одлука

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk