Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричич денеска преку објава на Фејсбук напиша дека сите кои се борат за слободата на изразување и правото на информирање добија одличната вест. Македонските медиуми се најслободни меѓу земјите од регионот, а дека годинава сме подобро рангирани од минатата година, 19 места повисоко според новиот извештај на организацијата Репортери без граници.
Слободата на медиумите е еден од најважните стандарди за демократското општество. Во земјите кои го започнале процесот на преговори со ЕУ, како Северна Македонија, тоа е уште поголем предизвик, истакна Маричиќ.
Но, иако сме постигнале напредок, уште има уште работа и предизвици што треба да ги надминеме во оваа област.
Тој испрати порака дека мораме како и досега да останеме фокусирани на подобрување на медиумската слобода како една од најважните темелни вредности и еден од клучните елементи за успешно преговарање со ЕУ.
Се движиме во добра насока, се подобруваме и се позиционираме помеѓу најдобрите, напиша Маричиќ на Фејсбук.
М. П.