ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик ќе започне на УКИМ

May 4, 2023 13:08
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај, оваа година ќе започне на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Со настан во целост посветен на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), кој е главен придвижник и стожерник на развојот на македонистиката на странските универзитетски центри.

На настанот кој ќе се одржи утре – 5 мај, во Ректоратот на УКИМ, со почеток во 10:30 часот ќе се обрати ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, вредносно осврнувајќи се на постигнатото од МСМЈЛК при УКИМ во остварувањето на неговата цел од основањето во 1967 година до денес кога е централно академско јадро на меѓународната афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

За посебен придонес за афирмација на македонистиката, УКИМ ќе додели признанија на универзитетските професори – директори на МСМЈЛК при УКИМ од основањето наваму: акад. Александар Спасов (постхумно), акад. Божидар Видоески (постхумно), проф. д-р Томе Саздов (постхумно), проф. д-р Кирил Конески (постхумно), проф. д-р Томислав Тодоровски, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Славица Велева и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, која со МСМЈЛК при УКИМ раководи од 2019 година. Признание ќе биде доделено и на лекторот кој досега најдолго се посвети на развивањето на дејноста на МСМЈЛК при УКИМ, Роза Тасевска.

Повод за доделување на признанијата е јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ која ќе се одржи годинава. Конференцијата на МСМЈЛК при УКИМ е научен собир за јазик, национална литература и култура кој по континуитетот на одржување, по бројот на изданија и по бројот на објавени зборници е единствен не само во земјава, туку во целиот регион. Таа е и конкретна потврда дека МСМЈЛК при УКИМ веќе пет децении е двигател на странската македонистичка научна мисла, имајќи предвид дека токму на оваа Конференција се презентирани најголемиот дел од најзначајните научни трудови на странските македонисти.

Но, причина за самиот настан се остварувањата со кои МСМЈЛК при УКИМ веќе и значајно ја надминува целта со која е формиран во 1967 година. Настанот се одржува токму на 5 мај, и тоа како прв меѓу неколкуте настани со кои ќе се чествува Денот, затоа што МСМЈЛК при УКИМ се издвојува по својата доследност и посветеност во афмирањето на македонскиот јазик, литература и култура, при што постојано се залага и остварува и нови активности значајни за развојот на странската македонистика.

Доделувањето на овие признанија за посебен придонес за афирмацијата на македонистиката, какви што УКИМ доделува за првпат, следи по одбележувањето јубилејот 55 години од формирањето на МСМЈЛК при УКИМ минатата година кога успешно беше одржана и 55. Летна школа на која учествуваа околу 60 странски македонисти.

Изминатиот период, МСМЈЛК при УКИМ значајно ги зголеми своите активности, остварувајќи значајни резултати во развојот на странската македонистика.

Со настанот кој ќе се одржи во Ректоратот на УКИМ на Денот на македонскиот јазик, УКИМ и упатува порака дека развојот на странската македонистика е и ќе биде еден од неговите приоритети, заради што МСМЈЛК при УКИМ има и ќе има и целосна поддршка во афирмацијата на македонскиот јазик, литератра и култура на меѓународен план.

Со активностите на МСМЈЛК, УКИМ и се издвојува меѓу универзитетите во земјава како единствен по влогот во развојот на странската македонистика и воопшто на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура ширум светот.

Tags: Ден на македонски јазикУКИМ
Next Post

Рекорден број дијагностички прегледи во Клиника Жан Митрев од почетокот на годината

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk