ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога за изјавата на Јолевски: Изненаден сум од незнаењето на Уставот и законите

May 4, 2023 12:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Изненаден сум од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и не очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите ,во јавноста да  изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет, реагира министерот за правда, Кренар Лога.

„Министерот за правда согласно Уставот е член на Судскиот совет по функција. Судскиот совет редовно го поканува министерот за присуство на седниците и испраќа извештаи за својата работа.

Членот 15 од Деловникот предвидува дека записникот покрај останатите податоци содржи податоци за дневниот ред што е утврден на седницата, наводите , изјаснувањата и предлозите на присутните на седницата , спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето.  Записникот се разгледува и усвојува на седница на Советот, а по евентуални забелешки, Советот донесува заклучок кој што е составен дел на записникот на кој се однесувала забелешката. Усвоениот записник од седницата на Советот го потпишуваат претседтаелот на Советот и генералниот секретар, односно лицето што го водело записникот. Судскиот совет има обрска примерок од записникот да достави до членовите на Судскиот совет по електронски пат.

Министерот за правда како член на Судскиот совет има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на Записник од седница на Судски совет.

Ве информирам дека до овој момент до Министерството за правда сеуште не е пристигнат одговор на писмениот допис  од Судскиот совет  со кој се бараше да се достават на увид Записникот од 438-та седница и усвоениот дневен ред.

Министерството за правда и јас како министер со големо внимание ги следиме состојбите во судството и обвинителството и во оваа насока увидот ќе ни помогне во определување на правецот во  кој е потребно да се движат законските измени за  отстранување на сите  недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

Очекуваме во најскоро време да се надмине ситуацијата во Судскиот совет и тој да претставува орган кој ќе го штити а не нарушува угледот на судството“, се вели во реакцијата на Лога.

Tags: ЗакониЈолевскиЛогаУстав
Next Post

Дискусија за надворешната и безбедносно-одбранбената политика како дел од процесот за креирање на Националната развојна стратегија

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk