ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Закажана итна седница на Судскиот совет

May 4, 2023 16:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет за попладнево со почеток во 16.30 часот закажа итна седница. Седницата на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева, закажана за завчера беше одложена, но не беше соопштена причината.

-Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) ќе се одржи на 04.05.2023 година (четврток) во 16:30 часот, најавија од Судскиот совет.

Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место.

Нејзиниот наследник требаше да се избира на седница на 27 април, но и таа, како и седницата закажана за  завчера беа одложени.   Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, тогаш побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување.

Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правните експерти разрешувањето го оценија како нелигитимно.

Tags: седницасудски совет
Next Post

Ермис- првиот грчки ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk