Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Како што информираат од Филхармонија, на програмата на концертот се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер.