ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин, следуваат нови мерки за носење оружје и поостри казни

May 5, 2023 12:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Воедно, тој најави нови мерки за носење оружје, зајакнување на безбедноста во училиштата и поостри казни, јави дописникот на МИА од Белград.

-Синоќешниот напад е терористички чин во кој нашите единици имаа задача да уапсат и неутрализираат терорист. Негативецот е уапсен и повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Толку многу семејства ги обвитка во црно, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека сите големи народи во слични ситуации успеале да најдат разумни решенија по трагедиите.

-По убиството на децата сите бевме во шок и ние кои сме рационални 24 часа одевме како зомби, барајќи мотив и причина. Родителите се загрижени и исплашени. Родителот вели – го праќам детето на училиште, мора да одам на работа и очекувам да е безбедно.Тогаш се појавува психопат, чудовиште, ѓавол и убива без трошка каење. Како да ги смириме нашите родители, што да правиме, рече Вучиќ, најавувајќи нови мерки.

Како што кажа, во следните шест месеци ќе бидат регрутирани 1200 нови полицајци, така што во секое училиште ќе има по еден полицаец и додаде дека Владата ќе донесе заклучок со кој на МВР му се наложува да подготви итни измени на законот за муниција со кои ќе се заострат условите за чување на оружје.

-Сите што имаат оружје ќе подлегнат на ревизија, нема да останат повеќе од 30-40 илјади парчиња. Ќе извршиме разоружување на Србија, ќе ги удвоиме казните, па да видиме како ќе набавите оружје. Ловџиите, исто така, ќе подлежат на шестмесечни и годишни проверки, кои вклучуваат медицински и психијатриски анализи и тестови за психоактивни супстанции, рече тој.

МВР ќе преземе мерки за обезбедување мораториум за поседување оружје. Се наложува Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки и сите лица кои нелегално поседуваат оружје да го предадат во рок од еден месец. Министерството за правда да ги заостри казните за неовластено поседување оружје, минимум пет до максимум 15 години, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека бројот на оружје во Србија е намален на околу 760.000 парчиња, но оцени дека тоа не е доволно.

Тој им се заблагодари и на единиците кои учествуваа во акцијата за апсење, воедно посочувајќи дека вчера полицијата имала 25 интервенции за недоговорно однесување на младите кои се идентификувале со имитација на убиецот од ОУ Владислав Рибникар и дека е донесена одлука да се подигне нивото на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на целата земја.

-Мислам дека најважно е да се спречи ширењето на лаги. И не само на социјалните мрежи, туку секаде. Сега треба да ги прегледаме сите 45.000 профили на луѓе на кои им се допаѓа убиецот и чудовиштето, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија повика да „сите како граѓани мора да победиме заради нашите деца, баби и родители“.

Tags: безбедностВучиќОружје
Next Post

Во првите два месеца извозот зголемен за 10.2, а увозот намален за 1.5 отсто

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk