ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Чадиева за градоначалникот на Велес и пратеникот Здравковски: Секој ден нова лага. Купи ден, продај

May 9, 2023 14:38
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Општинската организација СДСМ Велес, Даница Чадиева, реагира на, како што вели, „манипулациите од градоначалникот на Велес“, Марко Колев и на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.

„Секој ден нова лага. Купи ден, продај: Се фалат со проект а не спомнуваат дека средствата се од Македонија пат; Си поигруваат политика за водоводот во Сопот и со дедо Борис и баба Тодорка на 87 и 93 години се обидуваат да ќарат евтини политички поени“, вели Чадиева во изјава за Фронтлајн.

Таа истакнува дека во Велес веќе година и половина се борат со лажните вести пласирани од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

„Најактуелно овие денови е објавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски, за водоводот во Сопот каде тој го преставува како проект на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е најдискутабилно, е што кога проектот се обезбеди во 2021 година, кога СДСМ беа на власт, советничката група на ДПМНЕ не даде ни подршка со глас, па само советниците на СДСМ гласаа за овој проект. Да си поигруваш политика со дедо Борис и баба Тодорка на 87 и 93 години и да правиш ефтини поени со лаги е испод секое ниво“, реагира Чадиева.

Снимка од екран на објавата на Фејсбук од Игор Здравковски

Во објава на Фејсбук од август 2021 година, ОО СДСМ Велес реагирале на недавањето поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за водоводот во Сопот.

Во изјавата, Чадиева дава пример и како градоначалникот на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев, се фали со проект а не спомнува дека средствата се од Македонија пат и со тоа ги доведува во заблуда велешани.

„Не помина ни еден ден од објавата на Здравковски, овој пат градоначалникот на општина Велес Марко Колев, пласираше вест како регионалниот пат на влезот се реконструира и како тој продолжува со исто темпо. Срамно е што никаде не спомнува дека средствата се од Македонија пат и со тоа ги става во заблуда Велешани“, вели Чадиева.

Снимка од екран од Фејсбук профилот на градоначалникот на Велес, Марко Колев

Таа вели дека државата продолжува со инвестиции во Велес и нагласува „премногу сме задоволни од владината поддршка и Министерството за транспорт и врски кое одобри средства за реконструкција на повеќе улици во Велес.

Бочварски со градоначалникот Колев. Потпишување на меморандум за рехабилитација на улици во Велес. Објава на Фејсбук од министерот за Транспорт и врски Благој Бочварски

„Секоја лага на ДПМНЕ ќе ја демантирам и обелоденам со докази. Доста ми е од лажење и манипулација со моите велешани“, во изјавата за Фронтлајн, потенцира претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева.

Таа им порачува на Колев и Здравковски наместо да се служат со манипулации, да се сконцентрираат на отварање на нови работни места и на тоа каде одат парите од општинскиот буџет на Велес.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВелесДаница ЧадиеваИгор ЗдравковскиМарко Колев

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk