ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски за ВОА: Блинкен пренесе јасна поддршка од САД за нашиот процес на евроинтеграција

May 9, 2023 12:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денес имаме исклучително важна и конструктивна пријателска средба со државниот секретар Ентони Блинкен и со неговите први соработници, на коишто навистина беа реафирмирани и истакнати сите оние главни стратешки цели кои што државата ги има, а во чие остварување секогаш сме ја имале помошта на САД.

Многу јасно беше истакната поддршката на САД за ЕУ интеграција на нашата држава”, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Гласот на Америка, оценувајќи ги пораките од средбите со високи претставници на Стејт Департментот, за време на неговата работна посета на САД.

Премиерот Ковачевски потенцира дека за време на средбите била истакната улогата на нашата држава како исклучително важен член на НАТО – алијансата, со оценка дека сме многу активни со своето учество, а се разговарало и за нашата улога како претседавачи со ОБСЕ во годината која е најтешка после Втората Светска војна и за тоа дека процесите се одвиваат на начин на којшто земјите членки на ОБСЕ тоа го очекуваат од нас како претседавачи.

„Разговаравме, исто така, и за заедничките проекти коишто ги имаме со нашите стратешки партнери, тука пред се мислам на САД, меѓутоа и на Германија и Франција и други членки на ЕУ, во делот на енергетската независност и обезбедувањето на непречено снабдување со енергенси на државата како во текот на минатата година кога имавме навистина помош од САД, така и во изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката.

Пред се, мислам на гасоводот кој ќе оди од ЛНГ терминалот од Грција преку Евзони и Богородица до Неготино. Исто така, разговаравме и за други инфраструктурни проекти како што е изградбата на Коридорот 8 и 10д, за коишто знаете дека со одлуката на нашиот парламент, двата патни правци ќе се градат од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка”, рече премиерот Ковачевски во интервјуто за Гласот на Америка.

Tags: БлинкенКовачевскиМакедонијаСАД
Next Post

Линднер не патува за Пекинг, Кун во последен момент ја откажа средбата

EVN

НАЈНОВО

Белата куќа објави порака од Трамп – Нема договор со Иран освен безусловно да се предаде

March 6, 2026
Фото ССМ

ССМ најави протест на 14 март: „Колку ќе дојдете, толку и ќе добиеме“

March 6, 2026
Илистрација Фронтлајн

Војната со Иран ја чини Америка речиси милијарда долари дневно – колку долго може да трае оваа стратегија?

March 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk