Кривичен суд го одложи рочиштето за предметот „Организаторите за 27 април“ за 25 мај, откако претходно Апелационен суд ја укина пресудата под образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори за собраниските инциденти од 27 април.
Рочиштето го водеше судијата Илија Трпков кој сите поднесоци доставени до него ги предаде на Јавниот обвинител.
Обвинителот рече дека во вкупниот број на поднесоци, три се донесуваат на примена на законот за амнестија, при што нагласи дека по барањата не може да се произнесе.
-Јавниот обвинител не може во моментот да се произнесе по овие барања во смисла на важење на Законот за амнестија и од тие причини предлагаме да се одложи денешното рочиште за да може јавнито обвинител да ги разгледа овие барања, истакна обвинителот.
Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.