ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бомгартнер: Во овие тешки времиња, постои историска шанса која С.Македонија треба да ја искористи

May 10, 2023 10:20
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии се суверени; секоја има свои сопствени убедувања и сосема е легитимно партиите да ги имаат во предвид убедувањата на своите избирачи. Мислам дека ако се придржуваме до конкретната содржина на различните текстови што беа преговарани, а потоа и на оние за кои треба да се преговара во иднина, секој ќе биде во можност подобро да разбере за што станува збор. Мојата препорака е да бидете прагматични; да се придржувате до фактите, до она што е конкретно напишано, и на крајот, да размислувате за конкретните последици од идните одлуки, а не за претпоставки, вели во интервју за „Локално“ францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер за предвидените уставни измени кои треба да го продолжат европскиот пат на државата.

Во однос на отпорот во македонската јавност за она што го добивме како европски предлог за старт на преговорите со ЕУ, Бомгартнер вели дека многу луѓе имаат мислење за овој предлог, но на крајот на краиштата прашува, колкумина од нив се сигурни дека го разбрале целосно неговото значење.

-Има еден француски израз кој вели: „Не треба од дрвото да не се гледа шумата“. Двете први заслуги на ова решение се, од една страна, фактот дека го отвори патот кон европската интеграција на земјата што беше блокиран повеќе од 15 години, а од друга страна, дека го почитува македонскиот идентитет за што сведочи неодамнешното потпишување на Спогодбата со Фронтекс, вклучително и македонската верзија, рече Бомгартнер.

Во однос на тоа дали Франција гарантира дека ќе запрат бугарските барања за нашата земја, францускиот амабсадор истакнува дека од почетокот на минатата година, има уште посилна волја за политиката на проширување од страна на целата Европска унија, нејзините институции и државите-членки.

-Затоа, често слушате за актуелниот европски моментум. Во овие тешки времиња низ кои минуваме, постои историска можност што треба да се искористи, а тоа се однесува на вашата земја, која направи многу напори во текот на изминатите години и денес се наоѓа во една навистина завидна позиција во поглед на усогласеноста со европското законодавство, порачува францускиот амбасадор.

Целото интервју на следниот линк!

Tags: БомгартнерЕУМакедонијачленство
Next Post

Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk