ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи кон студентите на Економски: Потребни ви се иновативни вештини за да ја зголемите вработливоста во услови на дигитализација

May 11, 2023 14:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Како што модерната економија поминува низ транзиција кон поголем акцент на еколошките и дигиталните иновации, младите ќе треба да развијат нови вештини за да напредуваат во овој променлив пејзаж. Вештини кои можат да бидат особено вредни во контекст на новите развојни траектории кои се поставуваат пред националните економии во 21 век”, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи пред студентите на Економскиот факултет – Скопје, каде по покана на деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа предавање на тема „Како до поголема вработливост во услови на дигитализација на економијата”.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека развивањето на вештини на дигитална писменост, изразена свесност за животната средина, нагласена креативност и иновативност, флексибилност и приспособливост, комуникација и соработка, претприемачки начин на размислување и финансиска писменост, добиваат сè поголемо значење за зголемувањето на вработливоста на младите и нивниот пристап до пазарот на труд во третата декада на 21-от век.

„Економските ресурси за развојот на државата ја губат својата материјална основа, дигитализацијата како стожерен процес на Четвртата индустриска револуција побарува да се вкалкулираат сосем нови фактори за успешно креирање и имплементирање на национални развојни политики кои ќе бидат насочени кон создавање на реални шанси за успех и добро платени места за младите. Значењето на дигитализацијата прогресивно се зголемува од земјоделие кон индустрија, од индустрија кон услуги”, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој во своето обраќање оцени дека зголемената дигитализација ја зголемува продуктивноста на трудот и аутпутот, што исто така води кон зголемена потрошувачка поради повисоките реални приходи, пришто надополни дека и зелената транзиција на економијата исто така позитивно влијае на вработливоста на младите.

„Транзицијата кон зелена економија може да помогне во креирањето на пристојни работни места, додека воедно се придонесува за еколошка одржливост на економскиот систем. Младите кои имаат современо образование, развиени вештини и таленти, се во добра позиција, со нивната креативност, па и генијалност, да имаат бенефит од транзицијата кон зелена економија”, рече вицепремиерот Битиќи.

Свое обраќање пред студентите имаше и претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајковска, која ја истакна потребата образованието да биде прилагодено на потребите на стопанството.

„Потребна е брза адаптација на понудата и побарувачката на работна сила, образовните програми треба да се развиваат согласно потребите на економијата во нашата држава”, истакна претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајковска.

Трајковска пред студентите рече дека преку поголема пракса во компаниите младите може да го надградат знаењето и со тоа да ја зголемат својата вработливост на пазарот на труд.

Деканот, проф. д-р Предраг Трпески истакна дека дигитализацијата е таа која ја поставува насоката на развојот на економијата, пришто пазарот на труд претрпува суштински промени и процеси.

„Со поголемото воведување на процеси кои се потпираат на вештачката интелигенција, голем број на професии ќе бидат под закана да исчезнат, да ги снема од пазарот на труд. Ова е реалност и за нашата држава, затоа треба да дадеме одговор на овие предизвици”, рече проф. д-р Трпески.

Tags: БитиќиекономијаЕкономски факултет
Next Post

Со блокирана сметка на брифинг во Воденица? Арсовска не кажува дали Град Скопје е пред банкрот

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk