ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Уапсен кандидатот за градоначалник на Химара; 5511 полицајци ангажирани за изборниот ден во Албанија; што содржи хрватскиот модел на „Заедница“

May 12, 2023 11:54
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на опозицијата за Општина Химара синоќа доцна е уапсен под сомнение за корупција на избори, албанската полиција ги соопшти мерките за локалните избори на 14 мај, косовските медиуми го објаснуваат хрватскиот модел на „Заедница“… Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешниот избор од албанските медиуми.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Кандидатот на опозицијата за Општина Химара е уапсен

„Кандидатот на коалицијата на Сали Бериша и Илир Мета „Заедно победуваме“ за  Химара, Фреди Белери, беше уапсен од полицијата нешто по полноќ во кафеана во Химара.

Белери е обвинет за активна корупција на избори и според член 328 од уставот ризикува затворска казна до 5 години.“, пренесе Телеграфи.

На терен ангажирани 5511 полицајци/ Мерки за изборите на 14 мај, Јаупи: Се истражуваат повеќе случаи на купување гласови

„Државната полиција ги соопштува мерките за непречено одвивање на процесот на гласање и пребројување на гласовите на 5211 избирачки места, 92 КЗАЗ и 92 ВНВ.

Во одбраната ќе бидат земени 57 значајни објекти , со ангажман на 192 полицајци од силите „Командо“.

Директорот на Одделението за јавен ред и безбедност при ДППСХ, Ребани Јаупи, во изјава за медиумите најави дека се истражуваат повеќе случаи поврзани со сомневање за купување гласови, но не соопшти повеќе детали поради доверливоста на истрагите.“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Газета Експрес: Што треба да знаете за хрватскиот модел?

„Заедничкиот совет на српските општини (Заједничко вече општина – ЗВО), ги сумира општините во кои живеат Срби на истокот на Хрватска, е моделот што премиерот на Косово, Албин Курти, го даде како предлог во Брисел за Здружението на Општини со српско мнозинство.

Тоа е демократски избран политички, советодавен и координативен механизам кој има „самоуправувачки“ овластувања за прашањата за граѓанските и националните права на Србите, како и за прашањата за нивниот идентитет, култура, учество и интеграција во хрватското општество. Заедничкиот совет на српските општини може да биде здружение на граѓани кое, според хрватското право, може да го формира било кое од три лица – тој е формиран врз основа на меѓународни документи како што е Договорот од Ердут и одлуката на Владата на Хрватска. Што значи дека тоа не претставува територијална единица.“, пренесе Газета Експрес.

Бота Прес: „САД и ЕУ сакаат да го поделат Балканот на три области на влијание, Албанци, Срби и Хрвати“ – дали Берлин ќе го прифати ова?

Претходната стратегија на Западот на Балканот се унзадува. САД и Европската унија, од една страна, ја поддржуваат борбата на Украинците за демократски и западни вредности, а од друга страна, на Балканот прифаќаат етнонационалистички позиции, надевајќи се дека ќе го ограничат влијанието на Москва.

Ова е тезата изнесена во написот на Тагесцајтунг од страна на високиот дописник на тој весник од Берлин од регионот, Ерих Ратфелдер.

„Долго време западната стратегија беше да се демократизираат земјите од Западен Балкан и да се запознаат со заедницата на вредности на Европската унија. Според некои американски критичари, ова е напуштено“, пишува весникот, цитирајќи го мислењето на политикологот Јануш Бугајски, кој оценува дека „демократизацијата на општествата, справувањето со минатото и човековите права на крајот повеќе не играат никаква улога“, пренесува Бота Прес.

Економиа Онлајн: Позитивниот извештај на Светска банка ги зголемува надежите на Косово за членство во ЕУ

„Светска банка даде позитивен извештај за Косово за стапката на намалување на сиромаштијата и зголемувањето на приходот по глава на жител. Според извештајот, Косово успешно преминува од моделот на зголемена зависност од странска помош. Светска банка процени речиси 50 % зголемување на приходот по глава на жител и намалување на сиромаштијата за 35%, што покажува успешна транзиција од модел на раст заснован на голема зависност од странска помош.“, пренесува Економиа Онлајн.

КОЛУМНА

Пресонлајн: Турција ќе биде навистина слободна само без Ердоган на чело

„По повеќе од 20 години на власт, за прв пат, оваа недела, Ердоган може да ги загуби изборите. Анкетите укажуваат на трка од глава до глава. Често во анкетите опозицијата има благо водство. Ердоган изгледа загрижен, па почна да користи агресивен јазик, нарекувајќи ги своите противници измамници, пијаници и хомосексуалци.“, пишува авторот Енвер Робели, во колумната „Турција ќе биде навистина слободна само без Ердоган на чело“, објави Пресонлајн.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: албаснки медиумиизборрегион
Next Post

Повлечен путерот од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

November 15, 2025
Фото: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

(ФОТО и ВИДЕО) Илјадници скопјани на Маршот за ангелите со поддршка за родителите на загинатите во Кочани

November 15, 2025
Фото: Скриншот, видео јутјуб

Контроверзната книга за синот на норвешката принцезата останува во продажба

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk