Турските новински медиуми почнаа да известуваат за прелиминарните резултати во претседателската трка, откако Врховниот изборен совет ги укина ограничувањата за известување, јавува дописникот на Си-Ен-Ен од Истанбул. Само 10,86% од избирачките ливчиња се обработени досега.
Државната новинска агенција Анадолу ги објави раните проекции кои покажаа дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е во предност со 58,34 отсто од гласовите, наспроти 35,84 отсто за главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу.
Третиот претседателски кандидат, Синан Оган, досега има добиено 5,21% гласови, јавува Анадолу.