ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОРИ) Албански медиуми: Рама води на локалните избори; Албанија со најголем број затвореници во Европа; во Брисел денеска продолжува дијалогот Косово-Србија

May 15, 2023 11:20
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија вчера се одржаа локалните избори на кои учествуваа околу 37 отсто од граѓаните. Според последните информации, Социјалистичката партија на Еди Рама води пред коалицијата „Заедно победуваме“. Во Брисел денеска продолжува дијалогот помеѓу Косово и Србија за формирањето на Заедницата, со средби на кои фокусот ќе биде ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите и неговиот Анекс.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Заврши броењето  гласови во 23 општини за локалните избори во Албанија, СП добива 20, коалицијата „Башке фитојме“  ( „Заедно победуваме“) добива три

„Пребројувањето завршува во 23 општини во земјава, а продолжува во 38 други.

СП триумфираше во Камез, Вора, Елбасан, Пустец, Колоње, Либражд, Дропул, Тропоје, Росковец, Либохова, Рогожин, Келчире, Грамш, Белш, Замет, Делвина, Селеница, Тепелен, Пеќин, Поличан.

Додека „Заедно победуваме“ во три општини Пука, Хас, Мемалиај.“, пренесе Топ Чанел.

Според Централната изборна комисија, на локалните избори во Албанија учествувале околу 37 отсто од граѓаните со право на глас. Во повеќето избирачки центри изборниот процес заврши во 19 часот, но во некои центри, каде што имаше граѓани кои чекаа да гласаат, процесот продолжи и по 19 часот, додека не гласаа сите заинтересирани. Процесот на гласање беше проследен со одредени технички проблеми. Бројот на гласачи на ниво на држава изнесуваше 1 милион и 100 илјади. Излезноста беше мала во споредба со изборите во 2021. Сега има 560 гласачи помалку регистрирани.

АБЦ: И покрај наредбата на Целибаши, пребројувањето во КЗАЗ 35 во Тирана е прекинато

Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Челибаши во неодамнешна наредба истакна дека сите попишувачи мора да продолжат со пребројувањето без прекин.

„По набљудување на теренот, и покрај наредбата, броењето на гласовите е стопирано веќе неколку часа во училиштето „Васил Шанто“ во Тирана и се очекува да започне во 11:00 часот.

Во ова пребројување на гласовите ќе се пребројуваат гласовите на единицата 5, голем избирачки простор и традиционално лев бастион, кој досега не донесе никакви изненадувања, се гледа како област што обезбедува гласови за СП.“, пренесе АБЦ.

Сури -Евростат: Албанија меѓу земјите со најголем број затвореници во Европа

„Албанија е рангирана меѓу земјите кои имаат најголем број затвореници во однос на населението, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Во 2021 година, Албанија имаше 202 затвореници на 100.000 жители, втора во регионот по Црна Гора (214,7). Србија има најниско ниво со 166 затвореници на 100.000 жители.“, пренесе Сури.

КОСОВО

Бота Сот: Дијалогот продолжува во Брисел, еве за кои теми ќе се разговара

„Во понеделник во Брисел дијалогот меѓу Косово и Србија продолжува со средба на главните преговарачи на двете земји. Во фокусот на средбите ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите и неговиот Анекс.

Главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими и шефот на делегацијата на Србија, Петар Петковиќ, најпрвин ќе имаат одвоени средби со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, а потоа ќе има и заедничка средба.

Ова е прва средба на главните преговарачи по средбата на високо ниво меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по таа на 2 мај во Брисел.“, пренесе Бота Сот.

Персикопи: Милионерите на јавните набавки во Косово

„1,2 милиони е заедничката вредност на недвижен и движен имот на некои од главните функционери за јавни набавки на Косово. Околу 400 илјади евра е вредноста на парите што ги чуваат подготвени во банка. Неверојатните бројки се изведени од акумулацијата на богатството, што се базира на податоците објавени од Антикорупциската комисија на Косово.

Станува збор за сите членови на одборот на Телото за прегледување набавки, претседателот на одборот на Регулаторната комисија за јавни набавки, заменик директорот на Централната агенција за набавки, раководителот за набавки во Телеком и КЕК. Подолу можете детално да го видите имотот на секој од нив.“, пренесува Перископи.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Ништо ново на трите албански фронта

„Додека изборите би донеле промени во Северна Македонија, тоа не се верува дека ќе се случи во Албанија, на вториот фронт, каде што гласачите ќе излезат да го остварат своето право и обврска на 14 мај. Во меѓувреме, во Косово сега е актуелен процесот на започнување на судењето на поранешните лидери на ОВК во Хаг.“, пишува авторот Даут Даути во колумната Ништо ново на трите албански фронта, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Состојба Бахмут: Путин се соочува со „најлошото можно сценарио“, напредувањето на украинските сили е почеток на претстојната офанзивата

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk