Универзитетската професорка Ана Чупеска, во обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, се осврна на поставеноста на политичкиот систем и во однос на етничките заедници.
Нашиот политички систем нормативно е така поставен што ги апсорбира потребите на етничките заедници и преку колективните и преку индивидуалните парава. Тоа и во нашиот устав е така дефинирано и тоа го сметам за голема предност дури во однос и на некои други држави што ги дефинираме како современи и демократски. Во таа смисла нашиот политички систем, нашиот поредок во однос на етничките права и нивните гаранции можеме да го дефинираме како авагарден, нагласи Чупеска.
За актуелните случувања во врска со потребата од уставните промени, а како услов за нашите ЕУ интеграции, со внесувањето и на Бугарите во Уставот, Чупеска вели дека нема да се случи ништо страшно.
Но, доколку пак ако тоа не го направиме, дефакто ќе си ја запечатиме нашата европска перспектива и тоа ќе си го сториме самите на себе, нагласува Чупеска.