ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лога ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година

May 16, 2023 11:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на Генералниот секретар на Хашката Конференција за меѓународно приватно право,Кристоф Бернанскони и Амбасадорката на Република Северна Македонија, Бети Јачева и другите присутни.

Потпишувањето на Конвенцијата претставува доказ за заложбите на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на активностите кои придонесуваат за подобрување на деловната средина и работењето на компаниите како и стратешките определби на Министерството за правда за унапредување на концептот во областа на прекуграничната соработка во граѓанската и трговската материја, како и повисок степен на усогласеност на националното со европското законодавството како земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Следниот чекор во однос на Конвенцијата е спроведување на постапката за ратификација согласно Законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори.

Република Северна Македонија е член на Хашката Конференција од 1993 и досега е дел на 10 хашки конвенции. Три конвенции и Протоколот кои се потпишани во 2019 година се во постапка на ратификација. Станува збор за:

*Конвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата ( од 19.10.1966 година)

*Конвенцијата за спогодбите за избор на суд (од 30.06.2005 година) и

*Конвенцијата за меѓународно оставрување на правата за издршка на детето и други облици на издржување на семејството (од 23. 11. 2007) заедно со

*Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка (од 23.11.2007)

Церемонијата на потпишување се одржа во рамките на регионалниот семинар за Хашката Конвенција за признавање и извршување на странски пресуди од 2019 година со претставници од министерствата за правда и министерствата за надворешни работи од Западен Балкан организиран од проектот за зајакнување на извршувањето на Балканот имплементиран од Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛогаправдаХаг
Next Post
Фото: ЕПА

Серијата Голден Стејт - Лејкерс најгледано конференциско полуфинале во последните 27 години

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk