Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Норвешка кои го презенираа моделот на дигитализација во судството како и карактеристиките и перформансите што треба да ги има системот на нашата држава.
Целосната дигитализација на судството ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција.
Дигитализацијата и интероперабилноста ќе придонесат да се зајакне довербата на јавноста и заштита на системот, побрза правда, намалување на корупцијата, ќе го олесни доставувањето на докази и документи,намалување на трошоците на судските постапки, како и намалување на бројот на одложени судења и нула хартија.