ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Гласаат Грците кои живеат во странство

May 20, 2023 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Грците кои живеат во странство, оваа година за првпат имаат можност да гласаат на парламентарните избори, без да биде потребно да се вратат во Грција, а гласачки места се отворени во 35 земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласањето во странство е денеска, ден пред изборите во земјата, започна во седум часот утрово и ќе трае до 19 часот по локално време во секоја земја, пријавени се 22.855 лица, а ќе бидат отворени 99 гласачки места во 85 градови.

Гласање ќе има во Австралија, Германија, Австрија, Шпанија, Кипар, Бугарија, САД, Велика Британија, Белгија, Данска, Швајцарија, Катар, Финска, Чешка, Кореа, Турција, Сингапур, Саудиска Арабија, Унгарија, Полска, Португалија, Египет, Франција, Белгија, Обединетите Арапски Емирати, Ирска, Италија, Канада, Литванија, Малта, Луксембург, Норвешка, Јужна Африка, Шведска и Романија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, кусо пред полноќ преку Твитер се осврна на гласањето на Грците во странство, коментирајќи дека „за кратко ќе се отворат првите гласачки места во Австралија“.

-Можеби е мал прв чекор, бидејќи постојат големи ограничувања, но е исто така и емотивен момент што нѐ прави решени да продолжиме, напиша Мицотакис.

За да се отвори гласачко место, потребно беше да има најмалку 40 пријавени граѓани, а поголемиот број од гласачките места се во просториите на амбасадите и конзуларните претставништва во Грција.

Според грчките медиуми, ковертите со гласачките ливчиња, авионски ќе бидат испратени во Грција, а ќе се отворат и гласовите ќе се пребројат в недела, откако ќе заврши гласањето и ќе се затворат гласачките места во земјата.

Во Грција денеска е предизборен молк во пресрет на утрешните избори.

Лидерите на партиите, синоќа ги одржаа последните предизборни митинзи – актуелниот премиер и претседател на Нова демократија Кирјакос Мицотакис одржа говор во центарот на Атина, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говореше во Патра, а претседателот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис одржа митинг на Крит.

Нешто помалку од десет милиони граѓани, поконкретно  9.810.040 Грци, од кои 438.595 за прв пат, утре ќе гласаат на парламентарните избори во Грција на кои учествуваат 36 партии, коалиции или самостојни кандидати.

На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел.

Извор: МИА

Tags: Грцијаизбористранство
Next Post

Во турските дипломатски претставништва и на граничните пунктови се гласа за вториот круг од претседателските избори во Турција

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk