ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите со цел исполнување на целта – подготвеност за членство до 2030

May 21, 2023 15:15
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Европскиот парламент го објави Извештајот-резолуцијата на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за Северна Македонија, изработен по извештајот на Европската комисија, во кој се поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за интеграција во Унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи, јави МИА.

Во резолуцијата се споменува 2030 година како датум кога земјата би требало да ги исполни условите за членство во ЕУ. За резолуцијата се поднесени 320 амандмани, за кои идната седмица ќе расправа Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Во нацрт-резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, се нагласува дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во долгорочен мир, а Северна Македонија се етаблира како сигурен партнер и спроведе трајни реформи на патот кон ЕУ. Во неа се поздравува континуираната посветеност на земјава за интеграција во Унијата, која се заснова на одржлив напредок во обезбедувањето на демократијата, владеењето на правото и основните права, додека се движи кон меѓусекторско усогласување на политиките.

Европскиот парламент го поздравува целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната и безбедносната политика на Унијата – вклучително и нејзиниот отворен одговор на агресијата врз Украина – во согласност со рестриктивните мерки на Унијата кон Русија и Белорусија.

Понатаму, во резолуцијата се повикуваат креаторите на политиките да поттикнат национален консензус за интеграцијата во ЕУ, надградувајќи се на успешното започнување на процесот на проверка и да работат на постигнување, до 2030 година, на амбициозната цел за исполнување на критериумите за членство во Унијата.

Известувачот, изразува загриженост за непотребното одложување на процесот на пристапување; ја нагласува потребата да се зајакне транспарентноста, отчетноста и инклузивноста на процесот, вклучително и неговата парламентарна димензија.

Ќучук, за разлика од неговите бугарски колеги, ја поздравува добро воспоставената хармонија меѓу заедниците во Северна Македонија и ја повикува земјата да ја задржи својата долгогодишна посветеност на мултикултурализмот и инклузијата.

Во резолуцијата се забележува посветеноста на Северна Македонија за позитивна дипломатија и добрососедски односи, која ја повторува својата целосна поддршка за доследно спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција.

Тој предупредува против обидите за поткопување на мирните меѓузаеднички и билатерални односи и жали за сите внатрешни и надворешни дејствија кои ја поткопуваат стабилноста и го загрозуваат регионалното помирување.

Во Нацрт-резолуцијата Ќучук повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи, ги повикува регионалните партнери да ја вратат довербата и да соработуваат во меѓусебно почитување и во дух на добрососедство.

Понатаму, ги повикува носителите на политички одлуки и општества во Бугарија и Северна Македонија да преземат заедничка одговорност и да ја вратат позитивната агенда меѓу двете земји во духот на Договорот за пријателство; ја изразува својата поддршка за продолжување на дипломатскиот и социјалниот дијалог со цел со добра волја да се решат билатералните поплаки.

Известувачот исто така ги поддржува напорите за постигнување договор за уставни измени кои би вклучиле дополнителни заедници во преамбулата на Уставот на Северна Македонија.

На извештајот долг десет страници, поднесени се дури 320 амандмани на 161 страница, за кои ќе расправа Комисијата за надворешни работи, во кои бугарските европратеници ќе се обидат да ги вметнат нивните критики кон Северна Македонија.

Tags: Европски парламентЕУИзвештајИлхан Ќучукнационален консензус
Next Post
Бранко Тричковски

Вештачката интелигенција и природниот Македонец

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk