ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога: Образованието на експертите и размената на искуствата се важен чекор во сузбивањето на компјутерскиот криминал

May 22, 2023 14:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Кренар Лога присуствува на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник од 21-23 мај. Говорејќи на панел дискусијата на тема:,,Сајбер криминал-безбедносна закана во Југоисточна Европа и важноста на соработката”, министерот Лога порача дека е неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување а сајбер заканите и нападите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат се поголеми штетни последици .

,, Сајбер безбедноста може да се оствари само ако се располага со ефективни и ефикасни капацитети за сајбер безбедност, но и ако се работи на превенција. Искуството е најдобра пракса. Образованието на експертите и размената на искуствата се важен чекор во сузбивањето на компјутерскиот криминал.

Живееме во време на енормно зголемување на бројот на интернет и ИКТ корисници, поголем број достапни и ефективни електронски услуги и апликации чиј што број е правопропорционален со нови сајбер ризици и напади . Голем е бројот на случаи каде што тој тешко се открива, уште потешко се обезбедуваат докази, а во некои случаи е невозможно ефикасно да се спроведе кривичната постапка и сторителите да се изведат пред лицето на правдата и соодветно да бидат санкционирани”. рече Лога.

Како примери беа посочени анонимните портали креирани во Велес кои беа поврзани со изборите во САД како и лажните пријави за бомби во училиштата во неколку градови кои доаѓаа од анонимни пријавувачи а беа оценети како дел од хибридна закана и сајбер криминал.

Во однос на активностите кои ги презема Владата, Лога информираше дека Република Северна Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (Global Forum on Cyber Expertise), една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер-безбедност. Во 2018 година донесена е Национална стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 година, а подготвена е и нова Страегија за сајбер безбедност за периодот од 2023-2026 година. Формиран е Национален совет за дигитална трансформација на општеството, чија основна цел е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи.

Република Северна Македонија има потпишано билатерални договори со неколку држави за унапредување на соработката во борбата против сајбер криминалот. Овие договори обезбедуваат правна основа за размена на информации и докази, како и за заеднички истраги и гонење. Во текот на 2019 година, официјално се вклучивме во работните досиеја на Европол, Twins за детска порнографија и Cyborg за компјутерски криминал додека веќе неколкугодини активно работиме и разменуваме информации во работното досије Terminal за злоупотреба на банкарски податоци и платежни картици.

Министерот за правда информираше дека нашата држава учествува во проектот за градење на капацитети за сајбер безбедност Cyber Security Rapid Response за Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Црна Гора, кој е поддржан од ЕУ и е предвиден да се спроведе во периодот 2023-2026 година од страна на e-Governance Academy (eGA) од Република Естонија. Сите проекти имаат за цел да спроведат обука и сертификација на обучувачи од областа на сајбер безбедноста, сајбер криминалот и дигиталната дипломатија, со цел да се изврши зајакнување на оперативните и институционалните капацитети на владите од земјите од Западен Балкан во функција на справување со сајбер заканите и нападите.

Самитот го организираше Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Министерството за правда на САД и на него учествуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа и САД.

Tags: ЛогаМПШибеник
Next Post

Јашари со нов триумф до вториот пехар

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk