ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема ништо спорно во наративот на Ковачевски и уставните измени

May 22, 2023 12:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Како одеднаш споредбата на Ковачевски дека Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, освен што за официјална Софија е неумесна, е неумесна и за дел од домашната политичка структура, но е и оценка на одредена медиумска јавност? И не само тоа, туку ваквата негова реакција била задоцнета и контрадикторна со барањето за уставни измени.

Кога власта молчеше на провокациите од страна на Бугарија, беше обвинувана зошто молчи. Беше атакувана од сите страни дека треба да им врати со иста мерка, да бара реципроцитет, да ги прекине преговорите и да го поништи Договорот за добрососедство со Бугарија, а цела лавина насилство се сруши по улиците на Скопје поради прифаќање на Францускиот предлог.

Оттаму се родија и заложбите на опозицијата за неприфаќање на промената на Уставот со која Бугарите би влегле во Преамбулата, меѓу другото и затоа што со тоа нема да запрат провокациите од бугарска страна.

Власта сепак остана на обврските од преговарачката рамка и оформи работна група која веќе работи на соодветно и прифатливо за сите решение со кое Бугарите ќе се вметнат во преамбулата. Се очекува тоа да биде на начин на кој ќе се овозможи демаркација или разграничување и тоа јасно и потполно помеѓу Македонците и Бугарите од повеќе аспекти. Првиот и најбитен е самобитноста на Македонците јазично, етнички и културно и тоа ќе биде една од придобивките  на овој процес, ако се изведе како што треба. Тоа е важно и како превентива од идно можно „бугаризирање“ на општеството.

Сега, експонентите на ваквите заложби се исплашија од „вратката“ на Ковачевски, па се загрижија дека ако се заострува дискурсот и понатаму, Бугарија да не ни прави дополнителни проблеми на европскиот пат во текот на преговорите.

Станува конфузно во македонскиот јавен дискурс, треба ли власта да си молчи и да ги турка уставните промени или не.

Ваквата дилема е неоснована. Францускиот предлог, што е всушност Европски, одамна ги надмина политичките импликации од билатералните провокации.

Се разбира тоа не значи дека од сега натаму можеме слободно да си „плукаме“ преку пенџере со Бугарите, и најдобро ќе биде власта да ја продолжи дипломатската пракса за партнер во расчистување на билатералните дубиози да ја има ЕУ како целина. Затоа што Македонија сега благодарение на „Францускиот“ предлог преговара со ЕУ.

„Билатералките“ со Бугарија што ќе се појавуваат од време на време се со времен карактер. Тие се сè уште реминисценција на една замината власт чиј актуелен остаток е во ликот и делото на Радев и Јотова. Но треба да се има предвид дека тие се само interim и кај да е државата ќе си добие легална и легитимна Влада која ќе има полни раце работа со дневните проблеми на бугарскиот народ, нешто за што кабинетот на претседателот нема обврски, а ни слух.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: бугаријаДимитар Ковачевскиуставни измени
Next Post
фото: српско Министерство за внатрешна и надворешна трговија

Момировиќ: Отворен Балкан дава резултати, пример е преминот Прешево-Табановце

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk