fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Рускиот ултранационалист Игор Гиркин вели дека заземањето на Бахмут е „стратешки неуспех“ и „непотребна и пирова“ победа

May 24, 2023 22:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
РАЗОЧАРАН И ЛУТ Не сме подготвени за долга војна, сакавме ограничена воена  операцијач Русија оди кон пораз, вели Гиркин

РАЗОЧАРАН И ЛУТ Не сме подготвени за долга војна, сакавме ограничена воена операцијач Русија оди кон пораз, вели Гиркин

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот ултранационалист Игор Гиркин се пожали дека фокусот на Русија на заземањето на Бахмут е „стратешки неуспех“ што резултираше со „непотребна и пирова“ победа, објави во својот извештај од вторникот Институт за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.

Гиркин ги критикуваше шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за продолжување на обидите за заземање на Бахмут и за одвлекување од подготовките за одбрана од претстојната украинска контраофанзива.

„Хиперфокусот на тврдењето победа во Бахмут го одвлекува вниманието од несигурната руска воена ситуација во и околу Бахмут, нагласувајќи ја тежината на влијанието на Пригожин во информацискиот простор“, се вели во извештајот.

Ова не е прв пат Гиркин да упати критики кон  „Вагнер“ и неговата улога врз настаните на бојното поле, кое, според него, всушност, било прилично мало, затоа што битката што ја водат за релативно мал град во Донбас, мислејќи на Бахмут, не е толку важна воено.

Освен тоа што не е одлучувачки за текот на војната, доведува до огромни загуби на борци, сето тоа,  ѝ дава време на Украина, изјави неодамна Гиркин.

Рускиот воен блогер и поранешниот член на ФБС Игор Гиркин (Стрелков) , кој ги предводеше проруските сили во Донбас од 2014 година, е и еден од главните протагонисти во раздорот помеѓу воените власти во Кремљ и водачот на парамилитантната група Вагнер, Евгениј Пригожин.Тој не штеди зборови во критиките упатени кон Пригожин, кого го опишува како психички нестабилна личност и воен злосторник, но мета на неговите критики е и руското воено раководство, а во своите несогласувања со начинот на водењето на војната во Украина, не го заобиколува ниту Путин.

Гиркин пред неколку месеци беше осуден за соборување на летот „МХ17“ во 2014 година.

Драган Мишев

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: БахмутЕвгениј ПригожинИгор Гиркинпирова победаруска агресија врз Украинастратешки неуспех

НАЈНОВО

Османи: Ќе поддржиме Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

June 10, 2023
Отворена е судска и административна истрага по експлозијата во фабрика за експлозиви во турскиот главен град Анкара, 10 јуни 2023 (Foto: Getty)

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за експлозиви во Анкара, петмина загинати

June 10, 2023
Жители се собираат пред ресторанот Перл Бич по екстремистичкиот напад извршен од Ал Шабаб на плажата Лидо во Могадишу, Сомалија, 10 јуни 2023 година. (Foto: REUTERS)

Девет лица загинаа во неколкучасовен екстремистички напад врз хотел во Сомалија

June 10, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Битиќи: Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гир: Доколку нема уставни измени, тоа значи дека ќе ја пропуштите шансата, која некои други ќе ја искористат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на бензините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk